
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во последните 24 часа се направени 841 тестирање, а регистрирани се 103 нови случаи на ковид-19.
- Скопје 46
- Куманово 6
- Штип 6
- Прилеп 2
- Тетово 17
- Струга 9
- Велес 3
- Битола 1
- Охрид 3
- Кавадарци 1
- Гостивар 1
- Струмица 1
- Свети Николе 1
- Ресен 6
Починати се пет лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово (80г), хоспитализиран на 5 јуни. На Клиника за гастроентерохепатологија почина пациентка од Скопје (74г). Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје, пациентка (73г.) примена на 11 јуни и пациентка (45г) примена на 2 јуни. Во Клиничката болница во Тетово почина пациент од Тетово (65г) хоспитализиран на 6 јуни.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 13 оздравени пациенти.
- Скопје 10
- Прилеп 2
- Тетово 1
Досега во земјата се направени вкупно 43.881 тестирање на ковид-19. Од направените тестирања во изминатото деноноќие 123 се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Охрид, каде се потврдени 4 позитивни случаи, два во Штип и два во Охрид.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4157, бројката на оздравени пациенти е 1723, на починати е 193, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2241.
Во Ресен за само неколку денови бројката на заразени од коронавирусот се искачи на 19. Градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски соопшти дека денес се одржа итен состанок на Кризниот штаб. На состанокот службите од Центарот за јавно здравје- Битола кажаа дека во Ресен има вкупно 19 заболени од КОВИД-19 од кои 10 се асимптоматски и се во домашна изолација, 8 лица се хоспитализирани и се во стабилна состојба, а едно лице почина пред неколку денови.
Според епидемиолошките истражувања, 90 лица се ставени под здравствена изолација. Во текот на денешниот како и утрешниот ден, очекувам бројот на заболени да се зголеми , како резултат на земените тестови по што очекувам стабилизирање на состојбата“, вели Гошаревски.
Инаку, најголемите индустриски капацитети во Преспа „Свислајон-Агроплод“ , „Хатекс“ и „Стењетекс“ ги затвораат погоните со што максимално ќе се намалиле контактите, групирањето и движењето на луѓето.
Интервју со примариус д-р Ели Димитровска, инфектолог во Службата за инфективни болести при Клиничка болница Битола
Бројот на заразени со КОВИД 19 забрзано се шири во Ресен. Денеска се регистрирани 14 новозаболени. Од град со ниту еден заболен до пред неколку дена, сега има 17 позитивни и еден починат.
За да не се создава метеж во училиштата при уписите на ученици во прва година, уписните рокови се продолжени за неколку дена, а при подигањето на свидетелствата од основните училишта, на учениците ќе има се даваат и пријави за во средно.
„Уписите на учениците се намерно продолжени во повеќе денови. Пратени се насоки во училиштата, посебно во оние каде бројот на ученици во изминатите години бил поголем од бројот предвиден во конкурсите, тие уписи да траат наместо два четири дена. Резултатите за учениците кои се запишуваат во средните училишта во прва година ќе бидат истакнати после 15 часот во петок за сите средни училишта. Училиштата имаа задача да подготват по азбучен ред по презимињата на учениците списоци на вратите од училиштата, а медиумите да помогнат на локално ниво со објавување за да не се создава метеж во еден ден пред училиштата. Сите четири дена од уписите подеднакво е правото на ученикот да конкурирта. Дали ќе ги достави документите првиот или последниот ден рангирањето ќе се споведува дури во петок по завршување на уписите“, рече заменик министерката за образование Елизабета Наумовска.
