
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, при денешната посета на Преспа, по повод одбележувањето на двегодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор, дојде кај некогашниот граничен преминна Маркова нога и се фотографирше кај каменот за кој се верува дека ја чува трагата од еднометарското стапало на Крали Марко.
Димитров ја објави фотографијата на својот ФБ профил и му се заблагодари на градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски, за легендата што ја сподели со присутните, според која пред многу години кога Крале Марко се шетал по крајбрежјето на Големото Преспанско Езеро, тој посакал да го види и Малото Преспанско Езеро (денес во соседна Грција) поради што се поткачил на еден камен оставајќи трага на него.
Каменот со трагата од Марковата нога се наоѓа во дворот на караулата која го носи неговото име
Димитров рече дека идниот граничен премин Маркова Нога-Лемос значи зближување и шанса за развој на Преспанскиот регион. Според него, пандемијата на Ковид-19 го намалила интензитетот на активностите, но граничниот премин ќе биде отворен.
„Идниот граничен премин Маркова Нога-Лемос го почнавме со првата Спогодба што ја потпишавме со соседна Грција по стапувањето на сила на Преспанскиот договор. Таа Спогодба е потпишана на македонски јазик, на грчки и на англиски јазик, ратификувана од парламентите и тука е правниот основ. Имаше едно забавување заради промена на власта во Атина, потоа двете комисии заседаваа во јануари и беа усогласени протоколите на експертските групи. Исто така беше планиран состанок во Солун на 18 март, каде требаше да се усвои целиот план, и до крајот на годинава ја планиравме патната инфраструктура, плановите за објектите, геодетските анализи и еколошките елаборати да бидат изготвените. Според анализите, можно е цела реализација да се заврши за две години“, појасни Димитров.
Е.М.

Битолчани на дело фатија жена како корни цвеќиња засадени на кружниот тек кај Црн Мост. Фотографијата ја испратија до нашата редакција за да ја објавиме како јавна опомена за ваквото недолично однесување.
Кражби и уништувања на цветните леи низ Битола има на повеќе места. Според надлежните од ЈП ,,Комуналец" засадени се 25000 цвеќиња, а некои веќе украдија и уништија дури 900.
Во болницата во Битола хопситализирани се 29 пациенти. Работевме на реорганизација и планирање на капацитетите на сите болници поради наплив на пациенти. Увод е направен во сите здравствени установи. Во Болницата во Битола во овој момент распллагаме со вкупно 20 слободни кревети , а овоја капацитет со дополнителен број на кревбети може да се надополне од другите одделенија. Во оваа болница состојбата со кадарот е добра и не недостасува дури и ако се активираат поголем број на кревети“, рече министерот за здравство Венко Филипче.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, министерот без ресор задолжен за дијаспора и претседател на работна група за поддршка на Преспанскиот регион, Едмонд Адеми, денеска учествуваа на серијата настани по повод двегодишнината од потпишувањето на Договорот во Преспа, организирани од Општина Ресен, во соработка со НВО Преспа Град, кои се одржаа во село Љубојна и во близина граничниот премин во изградба Маркова Нога, на границата со Грција.
Во последните 24 часа се направени 1391 тестирање, а регистрирани се 193 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 140
-Куманово 2
-Дебар 1
-Штип 6
-Тетово 19
-Струга 5
-Велес 2
-Охрид 11
-Гостивар 4
-Свети Николе 1
-Ресен 2
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје на возраст од 78 и 47 години хоспитализирани на 4 односно 7 јуни и пациентка на 85 години, хоспитализирана на 9 јуни.
Во ГОБ „8 септември“ починаа четири лица, двајца пациенти од Скопје на возраст од 69 и 67 години, хоспитализирани на 9 односно 15 јуни, пациентка од Куманово на 67 години, примена на 2 јуни и пациент од Тетово на 61 година, примен на 2 јуни.
Во ОБ Куманово почина пациент на 81 година, хоспитализиран на 3 јуни, во ОБ Охрид пациент на 83 години, примен во болницата на 8 јуни.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 46 оздравени пациенти од:
-Скопје 35
-Куманово 1
-Штип 6
-Тетово 1
-Струга 1
-Гостивар 1
-Валандово 1
Досега во земјата се направени вкупно 46.445 тестирање на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4482 бројката на оздравени пациенти е 1803, на починати е 210, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2469.
За значењето на првото училиште на македонски јазик во Преспа, школото „Димитар Влахов“ во село Љубојно, денес во некогашниот школски двор зборуваа професорот Људмил Спасов, претседател на Советот за македонски јазик, Елена Јовановска- Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик, министрите за надворшни работи Никола Димитров и за дијаспората Едмонд Адеми.
Негативен е брисот на хирургот од Битолската болница кој беше тестиран на КОВИД-19 откако од коронавирус се разболе болничар од установата.
Резултатот на хирургот пристигнал уште вчера и тој е негативен, а двајца колеги на болничарот остануваат во изолација.
Заборавеното и разурнато училиште „Димитар Влахов“ во преспанското село Љубојно ќе се обнови и ќе стане Центар за промоција на македонскиот јазик, објави СДК.МК.
На 15 ноември 1945 година во ова училиште се одржал првиот час на македонски јазик во Преспа, и е второ училиште во Македонија, по она во кичевското село Подвис, каде се држела настава на мајчин јазик. Сега ,76 години подоцна училиштето стои распаднато, разурнато, обраснато со треви и непознато за пошироката јавност.
Денеска, на двегодишнината од потпишувањето на историскиот Преспански договор (на 17 јуни 2018 во селото Нивици на Преспанското Езеро) со кој се разреши тридеценискиот спор за името меѓу Македонија и Грција, ќе почне трансформацијата на училиштето „Димитар Влахов“ во Центар за промоција на македонскиот јазик.
ВО Владата се работи на идејата овој значаен објект за македонскиот јазик да прерасне во место кое ќе го промовира јазикот и ќе биде посетувано не само од домашни туку и од странски туристи. Најпрво ќе се прави проект за комплетна реконструкција на објектот, кој ќе го има некогашниот карактеристичен изглед и потоа ќе биде претворен во Центар за промоција на македонскиот јазик. Во Центарот посетителите ќе можат да добијат информации за настанувањето и озаконувањето на македонската азбука и воведување на македонскиот јазик за службен јазик во државата, пишува СДК.МК
Целиот текст на линк https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/zaboravenoto-uchilishte-vo-prespanskoto-selo-lubojno-na-dvegodishninata-od-prespanskiot-dogovor-ke-stane-tsentar-za-promotsija-na-makedonskiot-jazik/
