
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поради реконструкција и изведба на градежни работи, промена на канализациона и водоводна мрежа до целосно асфалтирање на улицата „Илинденска“ , можни се проблеми во водоснабдувањето на потегот на истата во одредени интервали се до завршувањето на реконструктирањето на улицата, соопштија од ЈКП „Водовод“ од Битола
Бројката на зболени од КОВИД-19 во Ресен се искачи на 25, а вкупно 110 нивни директни контакти се под здравствен надозр, информираат од Центарот за јавно здравје во Битола. Првиот позитивен случај во овој град беше на 10 јуни.
Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска и заменик министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески, денес, го посетија местото во близина на селото Црнобуки, каде што се наоѓаат дел од критичните точки на реката Шемница, чие чистење ќе биде спроведено во вкупна должина од 3200 метри.
Обрасната по целата должина со нискостеблеста и високостеблеста вегетација, реката Шемница, со своето нерегулирано корито, а поради тоа и неконтролирано движење на водата, честопати се излева во околните земјоделски парцели и прави штети на земјоделците. Поради тоа, во мај годинава, на барање на Градоначалничката Петровска, Владата на Република Северна Македонија, ја разгледа информацијата со акциониот план за чистење на критичните точки и усвои заклучок со кој и препорача на Општина Битола, неискористениот дел од доделените нафтени деривати во 2011, да ги искористи за реализација на акциониот план, изготвен од АД Водостопанство, подружница Битолско поле – Битола.
Советот на Општина Битола, на последната седница, донесе одлука за преотстапување на дизел гориво Еуродизел БС на АД Водостопанство на Република Северна Македонија во државна сопственост - Скопје, Подружница Битолско Поле - Битола, заради реализација на Акциониот план за чистење на дел од критичните реки на територијата на Општина Битола. Со оваа одлука на Битолско Поле - Битола му се преотстапува без надомест количина од 8596 литри дизел гориво Еуродизел БС од неискористениот дел од доделеното дизел гориво на Општина Битола со Одлука бр. 51-1402/42 од 22.03.2011 година на Владата на Република Македонија, заради реализација на Акциониот план за чистење на дел од критични реки на територијата на Општина Битола бр. 2201-69/1 од 09.03.2020 година.
Општина Битола преку економски оператор избран во постапка за јавна набавка ќе врши надзор над изведувањето на работите за реализација на акциониот план и ќе ги одобрува градежниот дневник и градежната книга за работите на терен.
Со реализацијата на предвидениот акционен план, жителите од местата кои се најзасегнати од овој проблем, очекуваат значително подобрување на состојбата.
Еден болничар на Хируршкото одделение во Битолската болница е позитивен, а двајца негови колеги се во изолација, соопшти минисерто за здравство Венко Филипче.
По 60 години реконструиран е регионалниот патен правец Р 1101 делница Прилеп-Тополчани- Битола кој поврзува двете општини во Пелагонискиот Регион, рече на денешнмата прес конференција градоначалничката на Општина Могила, Јасмина Гулевска.
