
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Започнаа активности за комплетно санирање на паркинг просторот пред Стоковната куќа Јавор, со кое сега стопанисува Јавното претпријатие за паркинзи.
Се уште е неизвесно дали до утре ќе се усогласат книговодствените документи на РК „Пелистер“ за конечно да се потпише догворот за фузија на клубот со РК „Еурофарм-Работник“. Градоначалничката Наташа Петровска, денес рече дека иако Општината го исплатила долгот на РК „Пелистер“, сепак според некои книговотствени показатели се појавува обврска која содржи одреден нејасности. Утре е закажана нова средба меѓу потписниците од двете страни, а дотогаш треба да бидат надминати овие проблеми, затоа што „Еурофарм“ бара да го преземе РК „Пелистер“ без долгови.
Погледнете како изгледа ноќе една од најфреквентните сообраќајници во Битола по поставените 91 арматура со лед светилки.
Отстранети се техничките проблеми со киното во Центарот за култура и директорката Маја Андоновска Илијевски најави дека подготвени ќе ги дочекаат гостите на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ што почнува идната сабота и филмските проекции.
Апсолутно не знаев дека Боки 13 врши рекет, ниту се препознавам под псевдонимот „Кики“. Мислам дека помогнав на некој начин истрагата да заземе правилен тек, изјави пратеникот на СДСМ, Александар Кирацовски по двочасовното давање исказ пред обвинителката Вилма Рускоска за случајот „Рекет“.
Новото лед улично осветлување во Битола, ќе заштеди над 200 илјади евра само од главните сообраќајници во градот. Јавното претпријатие „Комуналец“ кое е надлежно за уличното осветлување, досега ги замени старите натриумови и живини светилки, со нови лед светилки на улицата „Васко Карангелевски“. На денешната видео презентација во Општина Битола, беше посочено дека на оваа улица во должина од 830 метри се поставени 91 арматура со лед сијалици. Заштедата на годишно ниво, само од една сијалица е околу 100 евра. Од сите светлечки арматури, заштедата е околу 9000 евра на годишно ниво, само на улицата „ Васко Карангелевски“.
Новото филмско ремек дело ,,Болка и слава" на познатиот режисер Педро Алмодовар ќе го отвори годинешното 40 издание на Фестивалот ,,Браќа Манаки" што започнува идната сабота во Битола
Рехабилитацијата на дел од патот Битола-Демир Хисар е завршена, а за оваа делница во должина од 10 километри, потрошени се 1 милион евра. Градежните работи траеа 8 месеци
