
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Битола и годинава ќе субвнционира еколошки корисни средства за животната средина, а во следните десет дена на официјалната интернет страница на Општината ќе се споведува анкета во која граѓаните можат да изберат за што приоритетно треба да се дадат субвенциите.
„По анализите, во анкетниот лист се понудени приоритетните субвенции и тоа: инвертери, вградување на плински уреди кај постарите возила и велосипеди. Граѓаните треба да изберат еден од понудените одговори. Нивното мислење ќе има важна улога во одлуката и оваа година, општина Битола, да им помогне на нашите сограѓани, како и изминатите години наназад, да имаат услови и можност и тие со субвенции од општината да придонесат кон подобрување на животната средина. Ова е се разбира само една од активностите кои општина Битола, ќе ги спроведе во наредниот период, во очи на грејната сезона“, рече Тања Крнчева, советник од Општина Битола.
Општината изминатите две години, спроведе субвенционирање на печки на пелети и системи и велосипеди, а оваа година, локалната власт ја зеде во предвид најавата на премиерот Зоран Заев, при неговата неодамнешна посета на Битола, за субвенционирање на инвертер клими за сметка на старите печки кои користат цврст огревен материјал, дрво или јаглен.
Според резултатите од досегашната анкета, најмногу битолчани заинтересирани се да за субвенционирање инвертери, за тоа досега гласале над 65 проценти од учесниците во анкетата, над 19 проценти за велосипеди и над 15 проценти за плински уреди за постари автомобили. Од една IP адреса може да се гласа само еднаш.





Битолската Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ стана болница „Свети Андре“ во филмот „Сирена во Париз“, во режија на Матијас Малзју, кој од денес почна да се снима во оваа здравствена установа во Битола. За потребите на филмот кој е белгиско-француско-македонска копродукција поставен e и натпис со новото име. Денес се снимаше во толаетите, собата за реанимација, ходниците, а следните денови во лобито, чекалниците и на паркингот.
Владата одлучи болните од рак ќе примаат терапија не само во Скопје туку и во подрачните одделенија и во болниците во Битола и во Штип и низ други градови.
Министерството за здравство ќе треба да достави акциски план со конкретни рокови и правни модалитети за централизирање на дејностите онкологија и радиотерапија во рамките на ЈЗУ УК за Радиотерапија и Онкологија – Скопје со основање подрачни одделенија во ГОБ „8ми Септември” – Скопје, Клиничка болница Штип и Клиничка болница Битола, како и низ останатите градови во државата, одлучи Владата на денешната седница.
Првоодделенците од основното училиште „Даме Груев" во Битола се едуцираат како да стекнат сообраќајната култура, да ги почитуваат правилата и прописите за безбедно да стигнат до училиште.
Денеска СВР Битола и отсекот за превенција, РСБСП, како и претставници од Локалната самоуправа одржаа работилница со ученици од прво до четврто одделение.

После 8 години одблокирана е сметката и на ОУ „Климент Охридски“ од Битола. Долгот на ова училиште изнесуваше 15 милиони денари или 245 илјади евра, поради што беше отежнато нормалното функционирање . Тоа е едно од десетте училишта во градот кои од 2011 година поради огрмни долгови, имаа блокирани сметки.
Во среда со почеток од 20, 45 часот РК „Еурофарм Работник“ во спортската сала во Битола го игра првиот натпревар со СЕХА лигата на кој ќе се соочи со рускиот преставник „Спартак“ од Москва. Со ова, како што најави тренерот Стевче Алушовски, во Битола по 15 години повторно се врќаат кавлитетните натпревари од СЕХА Лигата и Лигата на шампионите. Од Лигата на шампионите натреварите почнуваат на 15 септември.
