2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Силното невреме го зафати и село Стење и тоа за време на  туристичка сезона. Весна Арсовска Митревска, жителка на Стење,  вели дека толку силно невреме не паметат со години наназад. Бурата ја споредуваат со ураган. Селото нема струја. Низ улиците испаѓани се искорнати дрвја, искинати електрични кабли, на сите страни има паднати керамиди, дел од куќите се без оџаци, а огромна е и штетата врз овоштарниците и другите земјоделски култури.  

 

Ураганско невреме ја зафати Преспа вечерва,  а жителите од овој крај на социјалните мрежи споделуваат видеа и фотографии од дождот, градот и силниот ветер кој  корнел дрвја, бандри  и носел покриви од куќи. Најпогодени биле селата во  Долна Преспа, каде невремето направило пустош во овоштарниците. 

Познатиот режисер Јане Бојаџи на својот ФБ објави видео со невремето во Преспа и напиша: Ова се случи пред половина час во Преспа! Ништо не е поубаво но и пострашно од природата во исто време! Боже, колку многу "природа"!

Со меѓународни искуства ќе се изработува нова стратегија за рамномерен регионален развој во државата. Законот кој е донесен пред 10 години не ги даде очекуваните резултати, па постои голем диспаритет не само меѓу регионите, туку и во рамки на регионите.

Денес во Поштата во Ресен ќе се употребува поштенски жиг со амблемот на Фудбалскиот клуб „Преспа“ по повод стогодишниот јубилеј од основањето. Ова е еден од најстарите фудбалски клубови во земјава и деновите слави еден век постоење. Жигот е изработен и ќе се поставува по иницијатива на ресенчанецот Горан Чуруковски, новинарот Зоран Трајчевски, а со помош на претседателот на ФК „Преспа“ Зоран Милевски.

На реакцијата на ПСК „Пелистер“ за одземање на сопственоста на планинарскиот дом „Копанки“,  соопштение до медиумите испратија и од Општина Битола. 

Под мотото  „Биди Хуман“, Васко Ковачевски, инаку актуелен директор на РЕК-Битола, ја започнува кампањата за реконструкција на Одделението за хирургија во Клиничката болница во Битола. Тој со своите најблиски, со свои средства  ќе ја помогне санацијата  на ова одделение, а очекува во хуманитарната акција да се вклучат и негови роднини, пријатели и други поединци кои сакаат да помогнат.

Преку проект од Програмата за прекугранична соработка на ЕУ, ИПА 2  инфраструктурно ќе се уредува  пристапниот пат до античкиот локалитет Хераклеја Линкестис, а исто така  предвидени се зафати за подобрување на пристапот до амфитеатарот во Хераклеја.

Чадот и лошата миризба на изгорено кои утрово се проширија низ делови од Битола најверојатно беа последица на горење на дива депонија на излезот на градот, после Светонеделските гробишта по улицата Прилепска.

Од снимениот материјал на Платформата „Земи здив“ може да се види како чади депонијата после пожар, како и тоа дека е прилично голема. Не се знае што го предизвикало пожарот. 

Започна монтажата на нов систем за греење наменет за Управната зграда на ЈП „Пазари“ Битола. Склучен е договор за управната зграда, во вредност од 300.000 денари. На овој начин, раководството на Јавното претпријатие очекува во управната зграда на ова Јавно претпријатие веќе од оваа грејна сезона, да ги почувствува бенефитите во однос на економичност и заштита на животната средина.66184362 426793547906688 9185030661939920896 n

65885841 2266810823584422 7950775460432969728 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани