2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Испраќањето картички по пошта се враќа во мода, барем кога се во прашање уметниците. Доказ за тоа е изложбата на поштенски мејл арт картички пред Јени Џамија во Битола, како дел од 18. издание на фестивалот „Битола отворен град“ во организација на МКЦ –Битола.

Златко Ќурчиевски, истакнат кадар на СДСМ, поранешен советник, а сегашен помошен директор за производство во РЕК е новиот претседател на Општинската организација на СДСМ ВО Битола. Од партијата и офицаијално го потврдија неговиот избор. Ќурчиевски за Апла.мк вели дека посветено со сите сили ќе работат на исполнување на дадените предизбодни ветувања. 

Камерната опера од Битола , поставува темели на класично пеење во Ресен со првиот концерт на Мартин Димитриевски – баритон  и младите оперски надежи Христијан Трајчевски - бас, Живе Мешуревски- баритон и Ангела Трајчевска- сопран како гости во домот за  култура “Драги Тозија”- Ресен во пијано придружба на проф. Александра Јанковска.

Уште 90 слободни места остануваат во средното медицинско  училиште „Д-р Јован Калаузи“ во Битола  по второто пријавување во првиот уписен рок. Вкупно се пријавија 109 деветтооделенци, а примени се  41.

Десетина настани распределени од 27 јуни до 21 август се подготвени за овогодинешното издание на Културно-забавното лето Новаци 2019.

 
 ЈП „Комуналец“ ги поздравува сите иницијативи на граѓаните за собирање на отпад и грижата за почиста животна средина. Но, исто такс,  ги повикува граѓаните, пред секоја нивна иницијатива да го консултираат претпријатието за начинот на поставување на одредени реквизити,б и тоа подлежи на соодветна законска регулатива.

Од независната група „Поинаку“ утрово низ град поставија 50 монтажни држачи за кеси за ѓубре. Од „Поинаку“ велат дека држачите се ефтини, лесно одржливи и не се оштетуваат, само бараат надлежните да ги менува редовно, а вреќи ќе даваат гратис.65318856 2290835881010887 5934320772028825600 n

65805255 2290835814344227 3330930043525267456 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани