
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со победата на екипата НИКС од Битола и освоеното прво место по дваесеттина дена фер игра синоќа се затвори 6-от по ред Меморијален турнир Пеце Матичевски во Општина Новаци .
Градоначалникот Љубе Кузманоски ги додели пехарите за освоеното I , II , III место како и за најдобар голман и најдобар стрелец .
I место освои екипата НИКС од Битола,
II место освои екипата Здг Валентин Стефановски од Демир Хисар,
III место освои екипата Бучин.
За најдобар голман беше прогласен Александар Станковски, а за најдобар стрелец Ѓорѓи Стрезовски.
Генерален покровител на турнирот беше Општина Новаци, а во пресрет како и секоја година излегоја Спортските обложувалници Евротип , Голд Слот Клубовите Гермина и Анаис.
На покана на градоначалникот Марк Потје од збратимената општина Коломбел од Р.Франција, делегација од Oпштина Новаци предводена од градоначалникот Љубе Кузманоски и ученици од ООУ „Славко Лумбарковски“ престојуваше во официјална посета на општина Коломбел.
ФОТО САШО СТАВРЕВ
Конкретни проблеми со кое се соочуваат граѓаните на Битола, особено за младите и ризиците кои водат кон асоцијално однесување, како и начините кои можат да придонесат за превентивно делување беше темата на која се разговараше на првата седница на Локалниот совет за превенција на Општина Битола.
За да може да се воспостави ефикасен систем на работа потребна е постојана комуникација и соработка на полицијата со други институции, како и поддршка од локалната самоуправа. Локалниот совет на превенција ќе има методологија за функционирање и работа, ќе се формираат тематски,проблемски работни групи.
На конститутивната седница, присуствуваа претставници од повеќе институции од општината, а ја водеше градоначалникот на Општина Битола, Наташа Петровска.
Локалниот совет за превенција е востановена можност и форма за градење на безбедна средина за живеење на локалното население преку препознавање на локалните проблеми и градење на локални стратегии за решавање на проблемите со адекватно вклучување на надлежните субјекти. Овој совет е една од најпрепознатливите алатки за развивање и градење на капацитетот на полициското работење во заедницата. Тој помага во градење на доверба и за подобрување на партнерството помеѓу институциите, локалната самоуправа и граѓаните.Локалниот совет за превенција ги вмержува сите клучни субјекти во една општина кои можат да влијаат на квалитетот на живеењена граѓаните. Тој и „помага“ на полицијата за извршување на нејзината превентивна дејност, односно во решавањето на безбедносните проблеми на граѓаните, велат од Општина Битола.
ОУ „Тодор Ангелевски“-Битола успешно го спроведе проектот ,,My magical dust" кој имаше за цел да ги поврзе учителите и родителите во училиштата за доброто на учениците. Со овој проект се потенцираа некои од главните проблеми со кои секојдневно се среќаваат учениците, но често се занемарени. Депресијата и анксиозноста кај младите ученици и деца се во пораст, но прашањето е: колку често ние во суштина обрнуваме внимание на нивното ментално здравје и благосостојба?
-Големо е задоволство што нашето училиште е дел од овој голем меѓународен проект. Се ангажираме максимално со креативни активности да ги исполниме зададените проектни задачи и подготвени сме за нови предизвици. Благодарност до нашите ученици и нивните родители и секако до наставниците кои несебично придонесуваа за овој голем проект, вели директорката на ОУ „Тодор Ангелевски“, Љубица Стерјева.
Овој проект ги изучува 1 од 17 цели за одржлив развој на Обединетите Нации објаснети во 2030 агендата за ,,Здравје и благосостојба". Во овој проект учествуваат 30 држави, 1200 наставници и 30 000 ученици. Основач на проектот е Khurram Whiz од Пакистан.

-Со учеството во овој проект имав можност да работам со учениците на теми кои сметам дека се важни за иднината на децата и за подобрување на квалитетот на образованието. Занемарувањето на менталното здравје на учениците негативно се одразува врз нив. Потребна е соработка помеѓу наставниците, родителите и стручните служби. Таквата соработка може многу да помогне во оформување на младата личност која ќе биде спремна да се соочи со надворешниот свет. Целта на првата задача ,,Образованието во срце" беше учениците со помош на нивниот наставник слободно да се изразуваат. На таков начин да можат да откријат дали нешто им пречи и прави да се чувствуваат лошо на училиште или дома. Оваа задача успешно се заврши затоа што учениците слободно изразувајќи се изнесоа проблеми како булинг меѓу соучениците, осаменост, интернетот- како главен извор на среќа, вели за апла.мк наставничката Нела Петровска, од ОУ „Тодор Ангелевски“-Битола, која е дел од овој голем проект.

Во втората задача со помош на училишниот психолог Соња Крстеска, учениците се запознаа со анксиозноста. При разговор и презентација им беа предложени упатства за тоа како да се справат при ваква состојба.Во третата задача се поттикнува имагинацијата кај учениците, со цел да развијат социјални и емоционални вештини. Преку замислени ситуации децата учеа како да решаваат проблеми.

Во проектот беа вклучени и наставниците: Јагода Мамузиќ, Мирјана Кимева, Лидија Стерјов, Татјана Чапкуноска, Весна Гагаловска, Соња Атанасовска, Мирјана Тасевска, Дивна Алиевска, Јасмина Ортаковска, Бисера Петровска Аргиновска, Гордана Георгиевска.





Преда Плус Фондацијата со уште три успешни приказни од три извонредни жени на третите по ред Womenpreneurs Stories во Битола. Во опуштена атмосфера и инспирација за поддршка и поттикнување на поголемо учество на жените во светот на бизнисот пред присутните зборуваа: Влора Адеми од Гостивар- основач на стартапот Дигикјуб познат во ИТ секторот, битолчанките Марина Цигарда - регионален менаџер за продажба на комапнијата АВОН и Јованка Ристевска сопственик на атељеза рачна изработка на накит.
Објавен е повикот за избор на изведувач кој треба да направи реставрација и адаптацијата на Офицерскиот дом во Битола. Понудите од изведувачите ќе бидат јавно отворени на 19 јули годинава и нема да има електронско наддавање. Парите се обезбедени преку ИПА 2 фондот од програмата наменета за локална и регионална конкурентност. Проектот кој го доби Општина Битола и преку кој треба да се врати сјајот на Офицерски го носи името „Зголемена туристичка понуда во Пелагонискиот регион преку реставрирање и адаптирање на Офицерскиот дом со партерно уредување“. Офицерскиот дом е објект заштитен со закон како споменик на културата, но повеќе години наназад се руинира и неопходно е што поскора негова реставрација и заштита.
