АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
-Програмите на Општина Битола за 2021 година која е последна година на владеење на СДСМ во Битола се досега најамбициозни, најнереални, предимензионирани, рече на денешната прес конференција советникот Иванчо Тошевски
Петар Николовски реизбран е за претседател на Локалниот клуб на Социјалдемократската младина на Македонија во Битола.
Обезбедивме првични 80 милиони денари за ревитализација на Преспанско Езеро, изјави премиерот Зоран Заев при обиколката на Преспанското Езеро со цел прецизирање на спроведувањето на препораките и акцискиот план предложен од експертите за одржливо управување на Езерото.
Тој рече препораките од студијата и акцискиот план ќе се организираат во три фази.Првата фаза која опфаќа анализи, студии, препораки, средби на засегнатите страни, во голем дел е веќе спроведена. За следните две фази клучна ќе е иницијативата и кај соседите, па во таа насока ќе побараат трите земји да му дадат нова динамика и на проектот за комплетна заштита на Преспанското Езеро поддржан од Европската Унија.
„Во делот на краткорочните мерки, Владата ја подготви одлуката за определување на финансиски средства за општина Ресен во висина од 80 милиони денари кои ќе бидат наменети за чистење на површините на езерото каде што е водата повлечена, посебно во делот кај некои од плажите. Чистењето на овие површини од тињата и од остатоците од дрва и друг материјал ќе се изврши со посебни бродови опремени за таа намена кои нема да наштетат на биодиверзитетот, а ќе го овозможат понирањето на водата и сигурен и стабилен воден режим посебно во летниот период“, рече Заев.
Во последните три години има 35 странски инвестиции, а во 2018 година го надминавме рекордот во странски инвестиции со 625 милиони евра нето странски инвестиции со девизен прилив, во 2019 имавме 300 милиони евра, рече Заев денеска во Битола и додаде дека старанските вложувања продолжија и годинава за време на КОВИД кризата, а „Кромберг и Шуберт“ во Битола двојно ќе ги зголеми капацитетите.
На 65-тата Седница на Советот на општина Битола, советникот Николче Јанкуловски од ПОДЕМ предложи измена на дневниот ред на седницата со следната точка: Барање од Советот на општина Битола до Владата на РМ за одобрување на средства од Буџетот за 2020 година во износ од 30.000.000 денари на Општина Битола, како еднократна неповратна финансиска поддршка, за справување со COVID – 19 кризата. Од ПОДЕМ велат дека барањето не го поддржале советниците од мнозинството.
"Очекувам за ова барање да ме поддржите, бидејќи Битола е еден од најпогодените градови во кризата, и како град со регионален Ковид- центар,и колку Советот да издвојува средства, тоа се премалку во однос на потребите кои ги имаат и граѓаните, медицинскиот персонал, локалните фирми. А бидејќи Битола има и министер во Владата, кој само на зборови се декларира како голем локал патриот, очекувам како што на 11.12.2020 гласа за одобрување на исто толкав износ за општина многу помала од Битола и многу помалку погодена од ковид кризата, очекувам да даде и поддршка и за Битола."
Околу 300.000 граѓани кои ќе добијат 6.000 денари, можат да ги користат и после предвидениот рок 25 декември 2020 година, информираат од Владата
Министерството за локална самоуправа почнува со подготовка на нова Програма за локален развој и децентрализација, документ со кој Владата ги определува целите и приоритетите за развој на локалната самоуправа и спроведувањето на процесот на децентрализација, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.
Дури половината од автомобилите кои минуваат дневно по улицата Димитар Илиевски Мурато пред Епинал се транзит возила, покажа теренската анализа направена за Сообраќајната студија во Битола.
„Помалку од 50 проценти од возилата се на резидентни жители на централното подрачје и ја користат таа улична мрежа за да пристапат до дома. Во оние 50 проценти покрај резидентното население спаѓаат и оние кои одат со автомобили на Широк Сокак за изведување на одредени работни задачи, прошетки и слично. Останатите 50 проценти се транзит кои поминуваат низ градот, а целта на патување не им е центарот на градот“, рече Дарко Спасеновски од експертскиот тим на студијата.
Како Климент Охридски да ги насочиме нашите души кон поголема кроткост и човештина, порача софискиот ректор Анастас Герджиков во видео обраќањето за време на свечената седница за патрониот празник на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола. За првпат седницата се одржа електронски поради пандемијата со ковид 19, а на неа се обратија и министерка за образование и наука, Мила Царовска, како и ректорот домаќин Сашо Коруновски. Долгогодишната соработка која постои меѓу двата универзитета, како и годинешното заедничко чествување на патронот на 25 ноември во Софија, на 8 Декември кај нас, и денешните упатени пораки за пријателство, се добар пример за тоа како треба да се одвиваа добороседските односи.
„На Свети Климент се посветени многу споменици на нашата и вашата страна. По него се наречени и нашите два универзитета. Св Климент Охридски е голем учител, книжевник и создавач на вистинска богослужбена и литературна школа. Неговата дејност е наша општа гордост. Народите со делото ги преминуваат границите на времето и пространството и ги обединуваат народите. Важно е да покажеме дека академскиот дух и пријателство се над се и можат да ги надминат сите разделби. Ви посакувам вашите ученици да станат како учениците на Свети Климент Охридски, познати по своите дела“, рече Герджиков.
Од денес почнува примената на така наречените брзи тестови кои Центарот за јавно здравје ги набави со пари од Општината. На предлог на градоначалничката, Наташа Петровска, а со едногласната поддршка од Советот на Општина Битола, обезбедени се средства за најмалку 2000 брзи тестови за дијагностицирање на ковид -19. Тестовите се бесплатни за граѓаните и ќе се реалзиираат преку матичните лекари и Мој термин, рече Невена Димовска, портпарол на ОО СДСМ Битола
„Донацијата од Општина Битола во вистина од 20.000 евра за Центарот за јавно здравје - Битола, ќе им овозможи на граѓаните брза дијагноза, односно за многу кратко време, од 15 до 20 минути, граѓаните ќе ги имаат резултатите. Тоа ќе обезбеди брза интервенција и на лекарите, и секако можност граѓаните да го заштитат сопственото, здравјето на своите најблиски и јавното здравје“, рече Димовска.
Како што расте посетеноста на патеката за Смолево, така се повеќе се полни со ѓубре. Влажни марамчиња, маски, одпадоци од храна и друг смет оставаат зад себе дел од посетителите. Со ваквото неодговорно однесување згнасија уште еден дел од градот кој беше чист. Сега дел рекреираат гледајќи го сопртвеното ѓубре без грижа на совет, а им создаваат и непријатно чувство на другите посетители кои не се алкави ако нив.
Токму со реакција за расфрелениот смет на оваа локација до нашата редакција се обрати Марија Магдалена Петковска Микаровска, позната по еко акциите Мети си со Класенто.
„Се гушиме во ѓубре. Кој е виновникот, секој сам нека си процени. Секој има различно видување на проблемот и тоа е сосема во ред, меѓутоа суштината е дека ние не го цениме она што го имаме. Едно од најубавите места над Битола, секојдневно се уништува и се дави во ѓубре. Кому му се фрла ова ѓубре? Мене, лично ми е срам што сведочам на уништување на простор кој ни дарува волја во најтешките месеци на пандемијата. Место каде сите рекреативци се навлекоа да го пешачат како дел од здравите животни навики. Ова ме навраќа да се запрашам КОИ СМЕ и КАКВИ СМЕ? Би сакала да имаме акција и да го детоксицираме местото со волонтери кои ја сфаќаат значајноста на истото. Да не чекаме снегот да ни го покрие срамот“, порача Петковска Микаровска.