2win800x200

Директно

Над 200 деца во Македонија секоја ноќ легнуваат и на утро се будат без родителска љубов . Тие живеаат во институции, иако згрижувачките семејства се најдобра алтернатива во услови кога  биолошкото семејство не е во можност да им ја пружи грижа.

Жетвата во Пелагонија годинава започна лошо со постојани прекини поради дождовите, со намалени приноси и катастрофално ниски цени,оценува Вељо Тантаров  претседател на  Сојузот на земјоделци на Македонија.

„Се навршија четириесет години како со лесен чекор ги играм македонските ора иако ја заминав седумдесетката. Орото ми доаѓа како мевлем на годините. Кога сум фатена на него како да сум млада девојка“, вели Злата Коцева, играорка од културно уметничкото друштво „Цветови“ од радовишното село Дедино. Со другите нејзини другарки, повозрасни играорки, ги затекнавме облечени во стари македонски носии на Дефилето на фолклористи низ Широк Сокак што се одржа на фестивалот „Илинденски денови“ во Битола.

Околу 10 август магнетната резонанца во Клиничката болница во Битола ќе работи 24 часа, најави министерот за здравство Венко Филипче при денешната посета на установата. Тој со директорот на болницата Зоран Лазаров и другиот раководен тим во болницата договорија таа да биде пилот проект каде ќе се спроведе модел за работа на резонанцата по примерот Хрватска. Целта е да се излезе во пресрет на пацинетите и да нема долги листи на чекање.

Со анегдоти поврзани за фотографската дејност Петар Ставрев говореше за своето дело на свеченото отворање на изложбата „Фолклорни мотиви“ во рамките на Интернационалниот фестивал „Илинденски денови“. Неуморниот хроничат на Битола, па и на Фестивалот „Илинденски денови“ кој пак опстојува 48 години, рече дека воопшто не е едноставно да се фотографираат масовни настани каде доминираат фолклорот и традиционалната песна и игра.

Долговите за струја на поголемиот дел битолски училишта кои деновиве беа исклучени од ЕВН се наталожени од март 2017 година. Состојбата не е нова, но е поразителна зашто неплатените сметки се провлекуваат од времето на претходната локална власт до денес. Нема точна информација колкав е вкупниот долг, но неофицијално дознаваме дека изнесува околу 100 000 евра. Меѓу уличиштата има и такви кои седум години не плаќале струја за време на претходните директори.

Струјата не е единствената давачка која школите не ја подмирувале редовно, а биле со години толерирани. Во некои од нив вода не е платена од 2008 година.

Прекинот на електричната енергија што поради дефект се случи синоќа во Битола, не беше пречка за аргентинскиот композитор и пијанист Маурици Анунциата да го одржи својот пијано рецитал во битолскиот Завод и музеј. 

Се нормализра снабдувањето со електрична енергија, откако градското  подрачје на  Битола 45 минути беше без струја.

Централното градско јадро и околни населби од Битола како Бајрот, Ушици, Стрелиште, Бела Чешма и други  вечерва се без струја. Во мрак е и Широк Сокак. Најверојатно се работи за дефект во напојувањето предизвикан од силното невреме проследено со дожд и гржежи кое попладнево ја зафати Битола. 

Од ЕВН потврдија дека невремето предизвикало дефект на два извода од Трафостаницата Битола 3 која го напојува централното јадро. Корисниците ќе бидат префрлени на друго напојување. За поливина час се чека градот да добие струја

 

Денеска започна изграбата на колекторско-канализациониот ситем во Потпелистерието. Градежните активности се одвиваат на потегот од месноста Црвени Петли кон селата Трново и Магарево, а во првата фаза ќе бидат вложени 6,8 милиони денари.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани