2win800x200

Директно

Градскиот часовник во центарот на Битола денес запре со мерење на времето. Веќе неколку часови покажува четири часот и 45 минути, а времето си тече. 

"Бит Фест" преку својата програма дава уште една потврда на Битола како конзулски град. Тоа го прави преку културни настани чија организација е потпомогната од странските амбасади и конзулати во земјава.

Бебето старо само неколку дена, што синоќа битолчанец го пронајде пред Домот за доенчиња, не било родено во битолската болница, потврдуваат за апла.мк од Центарот за социјални работи во Битола. Апла дознава дека најверојатно бебето било родено во прилепската болница, но полицијата го истражува случајот.

Австрискиот месинг квартет "Хајдн Брас" ја стана публиката на нозе во Народниот театар во Битола кога ја отсвири македонската песна "Македонско девојче". Салата ечеше од аплаузи.

Викендов Пелистер ги собра љубителите на планинскиот велосипедизам од цела Македонија. Во организација на спортскиот тим „Ај да возиме на Пелистер“ околу педесетина велосипедисти и планинари уживаат возејќи низ прекрасните планински предели.

Јавното претпријатие „Комуналец“ од Битола, како водечки партнер, „Комунална хигиена“ од Новаци и Движењето за околина „Молика “ од Битола ќе соработуваат со партнери од Грција во проектот „Симбиотски мрежи за одржливо управување со органскиот отпад“. Прокетот е кофинансиран од Интеррег ИПА програмата за прекугранична соработка на Грција и Македонија. Вкупниот буџет на проектот изнесува 898 853 евра, од кои 482 086 евра се за активности во Македонија, а останатите за Грција. Од грчка страна како партнери на прокетот се јавуваат „Диадима С.А.“ од Кожани, Центар за иновација и култура „Инополис“ и Националниот технички универзитет од Атина.

Новите раководства на јавните претпријатија  ЈКП „Водовод“ и ХС „Стрежево“  потпиша договор  за соработка и испорака на сирова вода. Горан Козаров, директор на ЈКП „Водовод“ и Менде Граматковски, директор на ХС „Стрежево“, седнаа на заедничка маса и ги дефинираа протоколите за испорака на водата.

- Се потиша договорот за соработка и испорака на сирова вода помеѓу ЈКП „Водовод“ и ХС„Стрежево“. Договор кој ги дефинира правилата, прописите и начинот на работа помеѓу двете претпријатија. Договор кој нема да дозволи да има судски спорови помеѓу овие две претпријатија, објавија заеднички двете претпријатија.

Добиена потврда за конзерваторско одобрение за Офицерски Дом“, напиша градоначалничката Наташа Петровска, вечерва на својот ФБ профил.

Годинашниот лауреат на „Златна Камера 300“ за животно дело е оскаровецот Роџер Дикинс, беше соопштено на  првата прес-конференција посветена на 39-тото издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Уметничкиот директор на фестивалот, Благоја Куновски – Доре, рече дека за големината на  годинашниот лауреат на „Златна Камера 300“ за животно дело, големиот британски и светски кинематографер, Оскаровецот Роџер Дикинс, сведочат импозантните бројки од 115 најразлични светски филмски награди и 148 номинации.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани