АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На пригодната свеченост во Народниот театар во Битола по повод Денот на ослободувањето беа доделени општинските награди „4-ти Ноември“.
Наградата за животно дело Ѓуро Илиќ, претставник на Општината, му ја врачи на професорот во пензија Трајко Огненовски, научник и лингвист , доктор на филолошки науки , автор на многу публикувани дела од лингвистички, историски, етнолошки и фолклористички карактер.
Она што е најважно во сите наши намери, тенденции, никогаш да не се заборави дека честа е поскапа од парите, порача градоначалничката Наташа Петровска во своето јавно обраќање на прослава по повод 4 –ти Ноември, Денот на ослободувањето на Битола.
По капитулацијата на Бугарија, продолжувајќи ја борбата против германските единици што се повлекувале од Грција кон Албанја и Србија, борците на 49. дивизија на НОВ и ПО на Македонија, во чии рамки влегувале борците од Седмата битолска бригада, Битолско-преспанскиот партизански одред, а нешто подоцна и борците на Леринско-костурската бригада, уште позасиелно ги напаѓале германските колони и им нанесувале тешки загуби во луѓе и техника.
Широк Сокак вечерва беше полн енергија, детски насмевки, медали и дипломи. По 58 –ми пат в очи прославата за ослободувањето на Битола се одржа традиционалната ноќна атлетска трка.
Во кугланата во спортската сала „Младост“, вчера заврши градското првенство во куглање во организација на Кугларскиот клуб „Хераклеа“ од Битола. Турнирот за првпат е дел од четвртоноемвриската програма на општината, а на доделувањето на наградите присуствуваа градоначалничката на општина Битола м-р Наташа Петровска, пратеникот Васко Ковачевски, претседателот на Советот на општина Битола, Валентин Груевски, како и советниците Методија Илиевски, Борче Корлевски, Тони Коњановски и Иван Чулаковски.
Фотографии од работни простории во Фабриката за опрема и делови (ФОД) во Битолско кои се исполепени со вмровски симболи- лавови, беа испратени до редакцијата на Апла.мк. Испраќачите посочија дека симболите се изложени во вид на амблеми, постери и резбарии во работилницата кај шефовите. Реагираат дека ова е фабрика, а не партиски штаб и дека на ова место влегуваат и вработени со друга политичка припадност, па во ред е да се отстранат.
Улицата „Широка“ на битолскиот Баир, повеќе од една година е раскопана, со искршен асфалт и ивичници, иако таа е улицата со чие асфалтирање прво се пофали бившиот градоначалник Владимир Талески откако излезе од куќниот притвор, осомничен за криминал со бесплатниот школски превоз тежок 360 000 евра.
Нула, вака новиот директор на битолската Клиничка болница, Зоран Лазаров ја оцени состојбата во која ја затекнал установата одговарајќи на новинарско прашање на кое место на скала од еден до десет би ги сврстил наследените состојби.
„Од почетокот размислувавме дали да одржиме прес да видите во каква состојба е болницата, но одлучивме да не се жалиме, да почнеме од тоа што го затекнавме и со текот на времето да покажиме дека одиме на подобро. Нас ни е целта да ја вратиме на она ниво на кое функцинираше, треба време. Се трудиме, работиме интензивно“, рече Лазаров.
Ова е Клиничка болница, а не ветеринарна станица им било кажано во повеќе наврати на сопствениците кои слободно ги пуштаат коњите да пасат во дворот на битолската болница.
Хуманитарката Марија Русенгрен, по потекло битолчанка која денес живее во Шведска, преку НВО „Од рака на рака“ во битолската Клиничка болница донираше медицинска опрема од 300 000 евра.