
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Битола добива средства од Министерството за култура за внатрешно уредување на киното Манаки.
Министерот за култура Хусни Исмаили денеска оствари работна средба со градоначалниците на општините Липково, Боговиње, Врапчиште, Битола, Крушево и на Градот Скопје на која се разговараше за одобрените средства за капитални дотации во областа на културата во 2019 година. По средбата, министерот за култура и шесте градоначалници потпишаа Договор за реализација на Програмата за користење на средствата за капитални дотации за единиците на локалната самоуправа во областа на културата за оваа година.
Во рамки на Културно-забавното Лето -Новаци 2019 во дворот на општината во Новаци се одржа 5-тиот културен настан “Разиграна општина Новаци”.
Претставата „Август во округот Осејџ“ по текст на американскиот писател Трејси Летс, по кој е снимен и филм со познати холивудски актери, утревечер премиерно ќе биде изведена на сцената на Народниот театар во Битола. Режисерката Драгана Милошевска-Попова на денешната прес-конференција рече дека претставата се подготвувала два месеца, бидејќи станува збор за богата приказна која се поставува на театарска сцена со обид да се избегне влијанието на филмот.
Готов е муралот што деновиве го наслика тимот на Hybrid Minds Crew на дел од фасадата на зградата кај Атпазар во Битола.

Овој дел од зградата со години беше лоша слика, место обраснато со грмушки, расфрлано ѓубре, а фасадата ја нагрдуваа разни графити.

Сега ѕидот е разубавен со лик на жена со цвеќе во косата и птица над главата, а муралот со површина од 130 метри квадратни,е посветен на убавите жени по кои е позната Битола.
Проектот е дел од годинешното издание на "Битфест".

Претходно на овде беше поставена урбана опрема, клупи, корпи за отпадоци, велоп паркинг и др, со што местото доби комплетно нов лик
Покрај муралот кај Атпазар, тимот на Hybrid Minds Crew, лани го нацрта муралот на зградата кај Шехерзада како и 3Д пешачкиот премин кај Горната гимназија
На денешен ден 28 јули во 1943 година, во Битола е убиен Стево ХРИСТОВСКИ–Патако, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.
Роден бил во Битола на 4 јануари 1921 г. Уште пред Втората светска војна стана член на КПЈ и се истакна со својата активност во редовите на прогресивното македонско националноослободително и комунистичко движење во Битола. Извесно време бил секретар на Месниот комитет на југословенската младинска комунистичка организација СКОЈ. Особено успешен бил во организирањето на младината, која учела во Битолската гимназија.
Во септември 1942 г. станал член на Месниот комитет на КПЈ за Битола и во него не само што бил одговорен за младината и СКОЈ, туку го организирал функционирањето на партиската техника. Истовремено бил член и на Окружниот комитет на КПЈ за Битола, а учествувал во редактирањето и диструбуцијата на битолскиот илегален партиски весник. Бугарската окупаторска фашистичка полиција кон крајот на 1942 г. го уапсила и откако не успеала да изнуди никакво признание со жестоките физички тортури во битолскиот истражен затвор, го интернирала во Кавала, во Егејскиот дел на Македонија.
Во 1943 г., бугарската полиција го вратила назад во Битола, но тој на битолската железничка станица успеал да побегне и да продолжи илегално да живее и дејствува. Бил откриен и обиколен од бугарската полиција. Бестрашно влегол во вооружено спротиставување, но откако увидел дека борбата против далеку побројниот непријател е осудена на неуспех, со последнот куршум се самоубил и не дозволил да биде жив заробен.
Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар
