
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Пелагонискиот регион ќе биде изградена регионална депонија , чија вкупна вредност ќе биде 40 милиони евра. Секоја од општините требаше да партиципира со соодветен износ на средства , што за Општина Битола требаше да изнесува 4 милиони и 420 илјади евра , бидејќи тие пари како Општина не ги располагаме, Владата на Р. Македонија на себе ја презема обврската да го финансира целокупниот дел. Ова што сега се прави ќе има големо влијание за заштита на животната средина, а тоа ни беше една од обврските кои ги преземавме во кампањата и едно од ветувањата кон граѓаните. Оваа регинална депонија ќе биде со претоварни станици во неколку градови, значи после 4 години Битола ќе има регионална депонија, рече Валентин Груевски претседател на Советот на Општина Битола на денешната седница на која беше усвоен предлогот за реализирање на проектот за изградба на регионална депонија во овој крај.
Откорнети се борчиња од жардиниери поставени на битолското Шеталиште. Ваквиот вандализам предизвика критики од битолчани кои рекреираат во овој дел од градот. Тие велат дека иако се работи за неколку дрвца, секое стебло е добредојдено во градот кој мака мачи со аерозагадувањето.
Еднодневна работилница за изработка на традиционални детски мартинки денеска се одржа во НУ УБ „Св. Климент Охридски“-Битола, на која учествуваа ученици од ОУ „Даме Груев“ од Битола со нивната наставничка Нела Неделковска, Ивона Опетческа Татарчевска, од Управата за културно наследсво и Јануша Лазиќ, ракотворка на мартинки.

Со цвеќиња се прекри пругата од Железничката станица во Битола во спомен на над 3000 Евреи од градот кои на денешен ден пред 75 години со вагони беа депортирани до Скопје, а потоа и до логорот Треблинка. Цвеќињата на пругата ги положија над илјада битолчани, Евреи од Израел, државни делагации и други гости кои зедоа учество во таканаречениот Марш на живите.
Маршираме во спомен на депортираните еврејски семејства од Битола, жртви на холокаустот. Ќе испратиме порака за мир, заедништво и соживот, рече пратеникот на СДСМ во Собранието на Р. Македонија, Александар Кирацовски, денеска во Битола.
-Преку овој Марш симболично ќе ја претставиме патеката низ која чекореле 793 семејства кои беа депортирани од Битола.Овој трагичен настан испраќа порака до светот како истиот може да биде суров и ранлив доколку навреме не се спротивставиме на злото. Овој настан да остане во историјата и да не се повтори, рече Кирацовски.
Неколку илјади граѓани на Битола, гости од Израел, политичари, ученици се вклучија на Маршот на живите по повод 75 годишнината од депортацијата на Евреите од Битола. На Маршот беше испратена пораката -Никогаш да не се повтори.
Во Битола денеска се организира Интернационалниот марш на животот, како и Комеморативна програма под покровителство на македонската Влада, по повод одбележувањето на 75 години од депортацијата на македонските Евреи.
Државни делегации од Македонија и Израел, претставници на невладини организации, но и голем број потомци на битолски Евреи од Израел, Латинска Америка и САД, најавија дека се приклучуваат
Хор составен од ученици од Израел денес со песна ја исполни Општина Битола. Хористите ѝ испеаја израелски песни на градоначалничката Наташа Петровска, а потоа додека траеше нејзината средба со амбасадорот на Израел, Дан Оријан, учениците се собраа во ходникот на општинската зграда и таму продолжија со репертоарот. Нивните нежни гласови се разнесуваа низ општинските ходници, а на крај им се придружи и амбасадорот Оријан, па заедно го испеаја симболичниот рефрен од познатата песна од Мајкал Џексон „We are the World“..
