
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Дебелата снежна покривка на Пелистер во март го врати сеќавањето на оние кои добро ја познаваат планината годините наназад, кога Баба беше окована во снег и мраз не само во зима, туку и цела пролет, а врвовите беа побелени и во јуни. На падините на нашиот Пелистер на места снежаната покривка достигнува и до 3 метри што е вистинско задоволство за вљубениците во планината но и на скијањето, што во вакви услови е посебна атракција и уживање. Одамна не се памети ваква зима на Баба Планина
Иванчо Тошевски и Петар Нолев ги споделија со нас овие импресивни фотографии и неколку видеа, а ние ги споделуваме со читателите на апла.мк
Споделуваме уште едно прекрасно видео од Битола, овој пат, бела и снежна, низ објективот на Агим Џело
Професионалниот нуркач Александар Ацев од Битола, инаку член на спелеонуркачкиот клуб „Врело“, објави интерсено видео од површинските извори во Преспанското Езеро кои во услови на блага зима без врнежи од снег на повисоките места, се активираат и со подземните води го одржуваат водостојотот на Преспанското Езеро кое последните години се соочува со драматично намалување на нивото на водата. Видеото е направено на плажата во Претор
Иако е вообичаено за овој период од годината, сепак е вистинска атракција замрзнатата снежна покривка на Баба Планина. На надморска височина над 1900 метри, Пелистер е прекриен со кора од мраз, која се топи во кусите сончеви интервали, но потоа повторно замрзнува од студениот ветер и ниските температури. Под мраз се и Пелистерските очи
Синоќа РАСЧЕКОР прослави 30 години од своето постоење.
Во организација на МК "Пелистер"-Битола, денеска се одржа 4. трка од Македонскиот шампионат во Мотокрос на стазата Смолево над Битола.
За првпат после многу години, гудачкиот квартетот „Вива Стрингс“ имаше ексклузивна можност вечерва да настапи т во концертната сала во возобновениот Офицерски дом во Битола со најдобра акустика кај нас и пошироко. Ова ги врати сеќавањата на многумина вечерва за концертите, фестивалите и другите музички збиднувања во оваа исклучителна сала во минатото. Пренесуваме дел од амбинетот