
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
РЕК Битола ја информира јавноста дека изутрината дојде до краткотрајно исклучување на Блок 3 од системот. Причината за исклучувањето e грешка во автоматскиот систем за управување.
Блок 3 повторно беше приклучен во мрежа во 12ч. и во моментов работи работи непречено.
Производството на АД ЕСМ се одвиваше преку Блок 1 и преку другите производни капацитети, соопштуваат од АД Електрани на Северна Македонијa, Подружница РЕК Битола.
По 15 години битолските пожарникари добија нова заштитна облека и дишни апарати со компримиран воздух. Оние кои до сега ги користеа, беа набавени во 2004 година како донација и не беа нови.
Магистралниот пат Прилеп- Ресен кој поради свлечиште беше затворен за сообраќај околу два месеци денеска од 12.50 часот е пуштен за сообраќај, информира АМСМ.
Сообраќајот на овој патен правец на обиколницата на Битола, беше во целосен прекин за сите видови на возила, а сообраќајот се пренасочуваше низ градот Битола.
Програмата за решавње на проблемот со бездомните животни во Општина Битола, со која се утврдуваат активностите за третман на кучињата скитници ставена е на дневен ред на 34-та седница на Советот на Општина Битола, која ќе се одржи во среда, 22 мај. Оваа програма предвидува заловување, стерилизација, вакцинација и обележување на кучињата кои ќе се затекнат на јавна површина, по што ќе се вратат назад од каде што биле уловени.
Општина Битола неодaмна целосно го поплочи пешачкиот дел пред зградите кај Гроздот , па несовесните возачи сега секојденевно ја узурпираат пешачка патека за да не користат платен паркинг.
Граѓаните од овој дел на градот бараат Општината да постави и метални столбчиња за да ги заштити плочките од паркирањето на автомобили, а од полицијата да дејствува на терен и да ги казнува несовесните возачи.
Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Битола, на својата 11-та по ред седница одржана под претседателство на Томе Димитровски, го дефинира учеството на битолските пензионери, спортисти за Регионалните спортски игри што ќе се одржат во Крушево на 25 мај.
Битолските пензионери на спортските натпревари ќе ги предводи некогашниот фудбалер и тренер Цане Грбевски. Победниците во сите категории ќе земат учество на Републичките спортски игри што ќе ги организира Сојузот на пензионери на Македонија, а ќе се одржат наесен.
Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Битола донесе одлука на 31 мај во Битола да се потпише Меморандум за збратимување со пензионерите од Прилеп. На тој начин ќе се продолжи востановената соработка меѓу битолските и прилепските пензионери.
На седницата беше информирано дека наскоро ќе започне доставувањето на огревните дрва за пензионерите што истите ги имаат исплатено во целост, со што успешно е завршена акцијата за обезбедување со огревни дрва за сите пријавени пензионери од Битола.


Канализациона мрежа со пречистителна станица ќе се гради во селото Добрушево, Општина Могила.
Министерството за животна средина и Општина Могила потпишаа договор за доделување на средства за проектот „Канализациона мрежа со пречистителна станица“ со вкупна вредност од 6 896 865 денари.
-На ден 15.05.2019 година врз основа на Наредба за претрес на дом издадена од судија на претходна постапка од Основен суд Битола, од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, извршен е претрес во домот на лицето Д.Г (34) од Битола
