2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Лути пиперчиња за несовесните возачи и пешаци, а брошови за совесните делеа денес во Битола полицајците во придружба на ученички сообраќајни единици. Вака на симболичен начин во Битола беше одбележан Денот на сообраќајната култура од страна на СВР, Општинскиот совет за безбедност на патиштата и со клубовите на моторџии. Лутите пиперчиња и брошевите беа донација од мото клубот ,,Ѓорги Стефановски” и претседателот Даниел Ивановски.

Изведувајќи една од најопеаните шансони на дваесетиот век „Лили Марлен“, како и други музички нумери на големата и незаборавна Марлен Дитрих, хрватската актерка Ксенија Прохаска ги воодушеви битолчани. Со врвна сценска изведба, многу емоции и солзи, но и со прекрасен алт, таа синоќа настапи со монодрамата „Марлен Дитрих“ на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола.

213милионер на Државна видеолотарија е Ардијан Вучетиќ од Струмица. Тој го освои најпосакуваниот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на Државна видеолотарија вреден1.235.940,00 денари. МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивката е освоена во Вамико Бет во Струмица на 07.05.2019.

Денес се одржа првата промоција на книгата „Аурора“ на Ивона Марковска- Нона на Саемот на книгата во Скопје. Битолчанката Ивона ги потпиша книгите на заинтересираните читатели на штандот на „Култура“. Промоцијата за Битола е закажана за 22.05.2019 од 17:00 часот во Малата сала на Домот за Култура.

Битола го одбележа 9 Мај, Денот на победата над фашизмот, кога во 1945 година нацистичка Германија ја потпиша капитулацијата во Втората светска војна.

Имав само девет месеци кога татко ми Димитар Илиевски –Мурато ме стави во обичен ранец и ме однесе на Пелистер, емотивно раскажува Јонче Илиевски, син на Мурато, првиот Македонец кој се искачи на највисокиот врв на светот Монт Еверест (8848м.н.в.), но за жал не успеа да се врати назад. Утре се навршуваат три децении од неговиот храбар подвиг, па по тој повод ќе се организира 30-от традиционален планинарски марш на Пелистер, изложба, а семејството на Муратот денес беше примено во кабинетот на градоначалничката Наташа Петровска.

-Изградбата на стадионот се одвива со активности и динамика онака како што е предвидено со договорот, не можам сега да ви одговорам по техничките спецификации, меѓутоа како што истакнав во минатиот период најголем дел од активностите и средствата се точно од оваа локална самоуправа, сега, да кажам спроведени. Како ќе се одвиваат  тие активности во иднина ќе видиме, но она што општина Битола го има укажано досега до изведувачот е дека треба да се придржува до договорот, како што е предвидено по него,  вели Петровска.

Со премиерата на најновата продукција на Народниот театар од Битола ,,БАКХИ – КРАТОК ПРЕГЛЕД НА РАСПАДОТ'' по Еврипид а во режија на маестралниот Игор Вук Торбица вчера беа подигнати завестите на 21то издание на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола во организација на НУ Центар за култура. Двете институции кои делат ист покрив, се здружија во борбата културата во Битола да остане на прво место.

Македонија пат го асфалтира кружниот тек кај бензинската пумпа Лук Оил што е во рамките на реконструкцијата на патниот правец Битола село Братиндол. За оваа цел се издвоени 15 милиони денари од ЈП за Државни патишта. 

pat

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани