
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Започна имплементацијата на проектот „Кинокултура“, откако денес во Општина Воден, Република Грција, се одржа Kick of meeting –состанок, со кој стартува реализацијата на конкретните активности предвидени со проектот од програмата за прекугранична соработка со Грција IPA CBC Greece – The Republic of North Macedonia.
На оваа средба е дефинирана динамиката на спроведување на активностите со кои ќе биде набавена опрема за кино проекции на отворен и затворен простор. Преку проектот е предвидно да се отвори туристички информативен центар со комплетна опрема, да се изработи студија за валоризација на културно-историското наследство во прекуграничната област, а исто така, во ремките на проектот да се подготви 3D апликација за виртуелна прошетка низ стариот театар и други културно историски значајни објекти од Старата чаршија.
Проектот ќе овозможи културно туристичко поврзување на прекуграничната област во функција на создавање услови за локален економски развој и унапредување на туризмот.
Вкупниот буџет на проектот е 569.264 евра, од кои на Општина Битола и се доделени 197.530 евра.

„Ова мало општество, како што е нашето, навистна треба да се ослободи од стигмата и дискриминацијата кон лицата со попреченост, но и кон сите останати кои на овој или оној начин се разликуваат од сите нас. И тоа зависи од секој од нас“, порача премиерот Зоран Заев на денешната меѓународна научна конференција „70 години организирана едукација, рехабилитација и вработување на лицата со попреченост“ што се одржа во Битола.
Од денеска во Центарот за култура во Битола е поставена 44. Државна изложба на детски ликовни творби на тема-„Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“. Поставени се 64 ликовни колекции со 630 детски творби.
Оваа изложба со најголема традиција во државата ја отвори директорката на Центарот за култура во Битола Маја Андоновска-Илијевски.
-Најубавите креации на светот ги создаваат детските очи, бидејќи низ нивната визура работите имаат поубави бои, поголема вредност и се помагични. Оваа изложба е поттик да инспирираме да наградиме, да се запознаеме и да оставиме нешто трајно, рече Андоновска-Илијевски.
На дел од учесниците им беа доделени специјални награди , награди за најдобри колекции и 36 поединечни награди за најуспешни ликовни творби.
-Тенденцијата да се поттикнат и насочат младите генерации да се запознаат со народната култура за да создадат дела инспирирани од традицијата, но во духот на секојдневието предизвикува голем интерес и творечки порив. Илјадници деца , ученици ширум нашата татковина заедно со нивните ликовни педагози неуморно истражуваат низ бесценетиот народен мозаик. Токму затоа активност, истражување, инспирација и креација обезбедуваат континуитет на долгата културна традиција, нагласи Валентин Соклевски, стручен соработник во Центарот за култура во Битола.


Дури девет пати поскапи пенкала, пет пати повисоки цени плаќало за пликови поранешното раководство на Јавното претпријатие „Нискоградба“ од Битола, обелодени на денешната седница на Совет, претседателот Валентин Груевски. И тоа е само дел од асортиманот, зашто по екстра високи цени се купувале и хартија, тонери, тесли, либели, пили...
Влезовите, односно излезите од Битола, критичните сообраќајни точки и локации кои во изминатиот период се покажале како критични места за кражби да бидат покриени со видео надзор. За ова при денешната посета на Битола разговараа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска. Проектот „Безбеден град“ во наредниот период треба да го реалзира локалната самоуправа во соработка со битолската полиција.
Сообраќајна несреќа се случи вечерва кај бензинската станица "Лукоил" на излезот од Битола кон Прилеп, кај населбата Горно Оризари, кога во автомобил "голф 5" кој врти полукружно удири возило "шкода" која се се запали по ударот.
Битолчанец пријавил дека неговата поранешна сопруга подолг временски период вршела обљуба врз нивниот малолетен син.
-На 10.05.2019 година во 09.00 часот во СВР Битола, педесет и две годишен битолчанец пријавил дека наводно во текот на 2018 година се до март 2019 година, во повеќе наврати, неговата поранешна сопруга извршила обљуба и
Со избор на членови на Управниот и и Надзорниот одбор на утрешната Седница на Советот на Општина Битола, почнува поцесот на формирање на новото јавно претпријатие кое ќе стопанисува со паркинзите во градот. На концесионерот „Стентон градба“ шестгодишниот договор му истекува следниот месец.
