
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Седниците на Советот на Општина Битола од утре ќе се снимаат во целост, а снимениот материјал ќе се поставува на официјлната веб страница на Општина Битола. На овој начин граѓаните ќе имаат можност преку интернет да ја следат работата на советниците во општинскиот Совет
Од рано наутро почнува „бербата“ на љубичици од алеите во паркот кај Градскиот саат во Битола, револтирано реагираат битолчани кои се сведоци на кражби на посаденото цвеќе на јавните површини.
Така и утрово повозрасна битолчанка е фотографирана како го корни посаденото цвеќе на очиглед на минувачите.
Од ЈКП Комуналец –Битола велат дека кражбите на свеќиња и садници од јавните површини низ градот се секојдневни, па вработените се приморани на неколку дена да ги пополнуваат со нови и да ги преуредуваат хортикултурно уредените површини.
Особено на удар се садниците кои за неколку дена или се крадат или се уништуваат, велат од ЈКП Комуналец.
Монодрамата „Трите животи на Исидора Данкан“ од Молдавија, по текст на Зиновиј Сагалов, во режија на Марија Паљницкаја и изведба на актерката Јана Лазар е годинешниот добитник на наградата Гран при на 21-то издание на Интернационалниот фестивал на монодрама што се одржа во Битола.
Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска на Техничкиот факултет во Битола, беше домаќин на 50-тото издание на натпреварот „Детски семафор“.
На овој натпревар учествуваа ученици од 16 основни училишта од Пелагонискиот Регион. Натпреварот годинава доби поддршка и од Авто мото друштвото „Ѓорѓи Наумов“, Здружението на возачи „Еуротест“, Народна техника, СВР Битола, Технички факултет и јавните претпријатија „Комуналец“ и „Нискоградба“.
За Општина Битола организирањето на „Детски семафор“е потврда за тоа како децата од најмала возраст ја градат сообраќајната култура.
„Општина Битола секогаш ќе ги поддржува ваквите активности, во кои се препознаваат идеите, децата од најмала возраст да ја градат сообраќајната култура, исклучително значајна, затоа што таа е клучна за безбедносниот момент на нашите граѓани, а воедно и на децата. Во оваа прилика се радувам што имаме толкав број на учесници кои што потврдуваат дека ваквата традиција не е случајна“, рече градоначалничката Наташа Петровска.
Поради обилните врнежи од дожд кои денеска го зафатија нашето подрачје екипи на ЈКП Нискоградба-Битола интервенираа на канализационата мрежа, на чистење на сливници и решетки.
-Во текот на денешниот ден интервенирано е на улиците „Иво Лола Рибар“ ,ул.„ 9-та“ со чистење на канал, Новиот Пазар, улиците „Методи Патче“,„Елпида Караманди“, „4-ти Ноември“, кај Домот за доенчиња, улиците „Васко Карангелевски“, „Тодор Паница“,„Игњат Атанасовски“, „Страшо Пинџур“... Остануваме во служба на граѓаните и понатаму будно ќе јас следиме ситуацијата на терен, велат од ЈКП Нискоградба –Битола.




По инструкции на Општинскиот кризен штаб кој го раководи градоначалничката Наташа Петровска, ЈП Пазари формира кризен штаб, како критично место на ЈП Пазари е Новиот реонски пазар во Битола каде има подземни води.
-Вработените дежураат 24 часа пумпите работат без прекин, а имаме и резервни пумпи и помошна пумпа на бензин доколку дојде до поголема вода има подготвени пумпи од ЈП Водовод кои на повик веднаш ќе дојдат , кризното место се наоѓа во подземјето на Новиот Пазар кај големиот маркет, вели Владе Атанасовски директор на ЈП Пазари-Битола.


Шокантно видео се споделува денеска на социјалните мрежи во кое возило кое се движи кон Битола на влезот од Прилеп кај Горно Оризари, преминува на спротивната страна од коловозот и удира во возилата кои наидуваат.
Нема место за страв од поплави по земјоделските површини во Пелагонија и покрај обилните врнежи дожд зашто Стрежевската акумулација е подготвена да ги прифати надојдените водотоеци, соопшти Менде Граматковски, директор на Јавното претпријатие „Стрежево.“
Евроамбасадорот Самуел Жбогар присуствуваше на чествувањето што се одржа денес на споменикот на Мурато на Копанки, Пелистер, по повод големиот јубилеј, 30 години од освојувањето на највисокиот врв на светот Монт Еверест од страна на битолчаенцот Димитар Илиевски.
