
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со прегратка, изведба на јапоснки танц и макесонски ора учениците од најголемото основно училиште во Битола „Климент Охридски“ ѝ се заблагодарија на јапосната амбасадорка во земјава Кеико Ханеда за грантот во износ од 50 000 евра со кој беше реновирана дограмата во школото. Од 1996 до сега преку Јапонската амбасада во земјава реализирани се 66 проекти за подобрување на условите за настава низ училишта во земјава. Досега Јапонија во македонските образовани установи вложила 6 690 667 евра.
Од 24.04.-01.05.2019 година, Невладината организација „СФЕРА Македонија“, со свои претставници беше учесник на младинска размена поддржана од Erasmus +, во Вели Лошињ - Хрватска. 13 ученици од Битола, заедно со професорките Јасмина Василевска и Емилија Прчкова, беа дел од активностите од проектот “Living sustainably“, заедно со млади од Словенија, Унгарија и Хрватска.
Со трска како да е трло е ограден еден од угостителските објекти на Широк Сокак.
Заради изведување на градежни работи, поставување на ограда времено е затворена обиколницата над Битола поврдуваат за Апла.мк од СВР-Битола. Изведбата денеска се одвива од потегот од бензинската пумпа Лук Оил на патот за Ресен до тунелот.
Со полагање на свежо цве'е пред спомениците во кругот на СВР-Битола и пред градскиот часовник кај соменикот „Ангел“ денеска свечено се одбележува Денот на македонската полиција.
-Претставници на СВР-Битола врачија донација во Домот за доенчиња и мали деца во Битола што традиционално се донира секоја година. Донацијата е во фрижидер на барање на вработените од Домот. Воедно на денешниот ден ученици од повеќе училишта во градот имаат можност да се запознаат и со полициската опрема, изјави Сања Стаматова портпарол на СВР-Битола.





Оставка си даде министерот за култура Асаф Адеми во чие време на министерување дел од културните манифестации во Битола останаа без денар или со рапидно намален буџет.
Со оценка 2,77 просветните инспектори го оцениле квалитетот на воспитно-образовниот процес во македоските училишта. Ова стои во последниот извештај на Државниот просветен инспекторат, кој се однесува на квалитетот на наставата во основното и во средното образование.
Не се најде чаре за доствувачите на стока во Старата битолска чаршија. Откако неколкупати ги откорнаа од бетонот столбчињата кои ги држат синџирите на двата влеза во чаршија сега за време на викендот ги украле катанците.
Преку проектот „Симбиотски мрежи за одржливо управување со органски отпад “- СИМБИОЗА од програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија –Република Грција набавен е трактор, мулчер кој ќе се користи за косење на комунални површини и зеленило и 15 контејнери со капацитет од 1100 литри.Оваа опремата ќе ја користи ЈКП„ Комунална Хигиена“ Новаци со цел подобри комунални услуги спрема граѓаните на општина Новаци.
За неполн процент повеќе гласови од Стево Пендаровски освои Гордана Силјановска Давкова во вторниот круг од претседателските избори во Битола. Според првичните неофицијални податоци на ДИК од обработени 100 проценти од гласачките ливчиња, Силјановска Давкова освои 48,56 проценти од гласовите на битолчани, а Стево Пендаровски 47,86 проценти. Во бројки тоа се 21 596 гласови за Силјановска Давкова, а 21 284 за Пендаровски.
Сепак, на ниво на држава победник на овие претседателски избори е Стево Пендаровски кој успеа да ја победи Гордана Силјановска Давкова со над 58 000 гласови.
