АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолската градоначалничка Наташа Петровска била повикана и денес дала исказ во Јавното обвинителството за случајот „Рекет“ во кој осомничени се Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милевски-Кичеец. Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција информираат дека вчера го повикале градоначалникот на Општина Карпош, а денес и Петровска да дадат исказ бидејќи се смета дека можат да помогнат во натамошното утврдување на факти во предметот.
Во јавното претпријатие „Комуналец“ вчера се одржала средба на советници од Општината, на која присуствувале претставници на советничкото мнозинство и опозицијата, додека поради користење на годишен одмор своето отсуство го најавиле советниците од граѓанската иницијатива „Поинаку“, соопшти директорот Панде Богоевски.
Надзорниот одбор на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) го назначи Васко Ковачевски за претседател на Управниот одбор и генерален директор на АД ЕСМ, соопштија од компанијата.
Ковачевски беше досегашен директор на РЕК „Битола“, а назначен е за генерален директор на ЕСМ на местото на досегашниот прв човек Драган Миновски. Инаку, Ковачевски е дипломиран инженер по термоенергетика.
Нов директор на РЕК Битола ќе биде назначен од страна на Управниот одбор на АД ЕСМ.
Верскиот празник „Св. Недела“ повторно ги собра на едно место велувци, без оглед на тоа каде сега живеат, дали во Битола, во државата или во туѓина, во САД, Канада, Австралија, Европа . Дворот на селската црква која се наоѓа во центарот на Велушина спроти некогашниот Дом заживеа со верниците, кои присуствуваа на свечената црковна литургија , заеднички ручек , музика и пријатна атмосфера каде се разменуваат спомените за Велушина некогаш, кога селото броеше и над 1500 жители. Велувци велат дека доколку би се собрале сите на едно место би биле над 5000 жители.
Предлог законот за СЈО треба да го добиеме и разгледаме, треба да видиме што Заев во спрега со рускоско обвинителството ѝ понуди денес на македонската јавноста, изјави за медиумите лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој вечерва е присутен на пролсавата 29 години од формирањето на огранокот во Битола.
Градоначалничката на Битола Наташа Петровска од својата работна посета во САД преку својот фејсбук профил порача дека посветеноста, емпатијата, заедништвото, подадената рака се вредности што треба да се негуваат и развиваат глобално.
„Човештвото има еден дом, независно од кој град сте. Исти потреби, исти цели -заедно до поубави места за живеење“, напиша Петровска на фејсбук.
Таа од 9 до 19 јули престојува во работна посета на САД на покана на Амбасадата на САД во Скопје, како учесник во Мулти-регионалниот проект „Локална дипломатија и глобално ангажирање“ во организација на американскиот Стејт департмент.Целта на студиската посета е црпење искуства за развојот на општините на повеќе полиња, вмрежување меѓу градови и соработката на локалната со централната власта.
Досегашниот директор на РЕК Битола Васко Ковачевски ќе биде идниот генерален директор на Електрани на Северна Македонија.
Нудим решенија и ги решаваме проблемите на граѓаните, работиме чесно и одговорно, но за ова периодов помалку се зборува, рече на прес конференција Борче Корлевски од СДСМ, потсетувајќи на проектите за подобрување на условите во детските градинки во Битола.
Советниците во минатото не гласале за приватизација на Копанки затоа што Советот нема таква надлежност, рече Валентин Груевски, актуелен претседател на општинскиот Совет.
Ова лето за СДСМ ќе биде работно! СДСМ останува да биде секој ден на терен рамо до рамо со граѓаните, да се презентира веќе сработеното, но и да ги слушнеме нивните потреби, се со цел уште позасилено да работиме на реализација на централните и локалните програми, најави Борче Корлевски, портпарол на Општинската организација на СДСМ во Битола.
Факт е дека имавме страшно невреме во Преспанскиот Регион, сите надлежни владини и локални служби се на терен за да се санира состојбата, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешниот увид во Преспа.
„Сите служби се на располагање, расчистени се сите патишта. Владата ќе ги ангажира сите можни капацитети да се проценат штетите, и на земјоделски производи и на објекти, за да видиме колкава штета е направена. Стапивме во контакт со ЕВН за жителите да добијат електрична енергија и да имаат чиста вода за пиење. Треба време да се санираат сите состојби, важно е дека државата заедно со локалната самоуправа е целосно подготвена да помогне”, рече Спасовски.
Чадот и лошата миризба на изгорено кои утрово се проширија низ делови од Битола најверојатно беа последица на горење на дива депонија на излезот на градот, после Светонеделските гробишта по улицата Прилепска.
Од снимениот материјал на Платформата „Земи здив“ може да се види како чади депонијата после пожар, како и тоа дека е прилично голема. Не се знае што го предизвикало пожарот.
Битолчани кои живеат на Бајрот, позади Уредот, во близина на Хајдар Кади Џамија и Ушици утрово околу шест часот се разбудија со лоша миризба на изгорено.
Децата од Битола некогаш со големо нетрпение чекаа да дојде Иванден, еден од големите христијански празници од летниот циклус кога се слави раѓањето на Свети Јован Крстител. Нетрпеливо чекаа зашто на тој празник адет беше да се организира детска маалска свадба, односно да се спроведи на дело обичајот Тајане-Бојане. Од дечињата во улицата се одбираа зет, невеста, свекрва, кум, девер и сватови. Се полнеше ѓумче со вода од три чешми зашто во тоа време сѐ уште функционираа малските чешми. Се закитуваше со цвеќиња. На главите на девојчињата се стваа венчиња од цвеќиња зашто со Иванден од памтивек биле поврзани верувања за моќта на цвеќињата.Секој се облекуваше согласно улогата што ја имаше.