АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На општините им е потребно целосно реорганизирање, бидејќи вака само се трупаат административци, порача денеска министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.
Изградбата на Градскиот стадион во Битола продолжува, така што деновиве се гради вториот ред од северната трибина. Според локалните власти се очекува до октомври трибината да биде во фаза на карабина, а потоа и занаетчиските работи. Вкупната инвестиција е 5,5 милиони евра, а сите пари ги обезбедува Општина Битола. Ланската година беа платени 1,1 милиони евра, а во текот на оваа и наредната ќе се плати остатокот од парите.
Општина Крушево денес го објави тендерот за изградба на спомен обележјето на Тоше Проески. Огласот за јавна набавка за избор на изведувач за изградба на спомен обележјето е објавен на Електронскиот систем на Бирото за јавни набавки.
„Со години не се поместувало ништо за нашиот сограѓанин и поп икона, но еве денес, благодарение на владата, го објавуваме тендерот за изградба на вечното почивалиште со што конечно ќе почнеме да го градиме гробното место на Тоше. Конечно нашиот Тоше ќе има достоинствено спомен обележје.“, изјави градоначалникот Томе Христоски.
„Немате поим што е тоа емпатија и грижа за граѓаните“, реагираше ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на диркеторот на ЈП за паркинзи, Зоран Дојчиновски, кој, пак, испрати доипс до медиумите по прес конференцијата на опозицијата во Битола.
„Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во општина Битола и тоа како има концепт и решение за паркирањето во градот’, возврати Зоран Дојчиновски, директор на Јавното претпријатие по денешните обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ дека власта немала концепт како да го реши паркирањето во Битола.
„Не е точно дека цената на паркинг услугите се зголемува. Имено, за првите два часа цената на паркинг услугата во централното градско подрачје (зона А) изнесува 30 денари, додека за секој следен час до крајот на паркинг сесијата цената изнесува 25 денари за час, што е за 5 денари пониска цена од предходната“, стои во реакцијата на Дојчиновски.
Годинава награда за докуметнарен филм ќе додели и Општина Битола. Одлуката општината домаќин да дели награда на филм од документарната програма паднала затоа што и браќата Манаки на времето својата филмска кариера ја започнале во областа на документаристиката.
Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски и градоначалниците од Пелагонискиот регион на денешната седница на Советот на Пелагонискиот планкси регион, потпишаа договор за финасирање на проектите наменети за општините во овој регион
Пратеникот Александар Кирацовски во интервју за Фактор одговара на прашања за актуелни теми, дел од интервјуто го пренесуваме на Апла.мк.
Велите лажни вести. Владата отвори фронт со тие вести. Што ви пречи конкретно?
Кирацовски: Тој феномен е доста проширен. Нема политичар или тема која во последните две години не бил предмет на лажни вести и тоа огранизирано лиферувани. Имам информации дека опозицијата има развиено цел центар за оваа намена, но за жал добива и поголеми размери. Пред некој ден, за Денот на републиката, сведоци бевме на 17 лажни вести, во еден ден за една тема.
На територијата каде интервенира Битолската противпожарна единица годинава се евидентирани 312 пожари што е рекорд. Пожарникарите велат дека само во март на територијата на Битола имало во еден ден осум пожари. Изминатите денови, иако темературите беа многу високи, немаше голем број на пожари. Но, сепак со интерневции од претходните месеци се достигнува рекорден број газнења незапаметен во последните години.
Со полагање цвеќе пред споменикот на Илинден во храмот на црквата Св. Недела во Битола, започна чествувањето на големиот македонски празник Илинден. Претставници од Советот на Општина Битола положија цвеќе во име на градоначалникот Наташа Петровска, која денес присуствуваше на свечената церемонија во Крушево. Цвеќе положија и претставници од Советот на Општина Битола и политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
Кај споменикот на двата илиндена пред Центарот за култура, во чест на големиот и светол празник Илинден, делегација од Советот, предводена од советничката Виолета Дракалска, положи свежо цвеќе. Во чест на празникот и жртвите кои ги положија животите за денешната слободна Македонија, со свежо цвеќе почест им оддадоа и делегациите од Советот на Општина Битола, Општинската организација на Сојузот на борци Битола, како и политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
Одблокирани се сметките на 13 основни и средни училишта во Битола преку средствата што беа обезбедени од државниот буџет, соопшти претседателот на Советот Валнетин Груевски на седницата на Совет каде се носеше кварталниот извештај за извршување на буџетот за 2019 година.
Како ќе опстојат медиумите?–Ова е прашањето кое се наметна кај медиумите откако со донесувањето на Законот за измени во рекламирањето во медиумите им е забрането на општините и јавните претпријатија, како и акционерските друштва да се рекламираат и промовираат со што медиумите речиси една година останаа без договори.
Општина Битола добива средства од Министерството за култура за внатрешно уредување на киното Манаки.
Министерот за култура Хусни Исмаили денеска оствари работна средба со градоначалниците на општините Липково, Боговиње, Врапчиште, Битола, Крушево и на Градот Скопје на која се разговараше за одобрените средства за капитални дотации во областа на културата во 2019 година. По средбата, министерот за култура и шесте градоначалници потпишаа Договор за реализација на Програмата за користење на средствата за капитални дотации за единиците на локалната самоуправа во областа на културата за оваа година.
„Моето и влијанието на градоначалничката ќе го искористиме во следниот период да се лоцираат повеќе средства кои ќе се инвестираат во Општина Битола и мислам дека доаѓаат добри моменти за граѓаните на Битола. Периодот кој следи интензивно ќе разговараме кои проекти можеме да ги понудиме. Дел од буџетот за оваа година е затворен, се надевам дека со ребалансот ќе одделиме некои средства. Понатаму, сите проекти кои се подготвени ќе ги пријавиме на конкурсите за прекугранична соработка зашто до крајот на годината ќе има таков повик за соработка со Грција, а и преку средства од буџетот за регионален развој на Министерството ќе алоцираме средства наредната година, “, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски запрашан што може од таа позиција да направи за родниот град.