
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Завршено е прстенестото поврзување на Битола со современо ЛЕД осветлување. Поставени се 800 нови големи булеварски ЛЕД светилки и уште толку мали. Битола доби осветлување од 70 лукса наспроти претходните 10 лукса што значи поголема социјална и сообраќајна безбедност. Трајноста на светилките е над 15 години, а низ повеќе места во градот не беа заменети 40 години.
„Го затвориме целиот крупен прстен како што ветивме, а ветивме дека до мај ќе биде затворен. До крајот на овој мандат ќе докажам дека општина Битола ќе има поинаков светлосен крвоток и дека тоа можело да се направи со поинаков пристап по кој општина Битола се разликува од другите општини“, рече градоначалниќката Наташа Петровска.
Советот на Општина Битола денес ја одржа првата електронска седница на која се донесени неколку одлуки, соопшти на својот ФБ профил, претседателот на Советот, Валентин Груевски.
