АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Православните христијани денеска ја слават Василица , а бројни маала низ општина Новаци синоќа традиционално ги запалија василичарските огнови околу кои во весело расположение , со греана ракија , вино и скара се прослави Стара Нова година и Василица.
Градоначалникот Љубе Кузманоски ја прослави Василица со своите сограѓани . Ги посети големите маалски василичарски огнови од каде испрати порака да се негува традицијата и обичаите и да се пренесуваат на идните поколенија.
“Овие празници како дел од нашата традиција ни даваат можност да се собериме сите заедно на едно место , на едно огниште кое симболизира заедништво , единство и сите заедно да ги одбележиме традиционалните вредности кои всушност се и белег на нашето постоење.Ова зедништво ги зајакнува меѓусебните врски во нашата локална заедница. Дружењето со соседите , пријателите , блискоста меѓу младите дава посебно чувство на среќа , задоволство и исполнетост. Да си подаваме рака , да се помируваме , да бидеме единствени и сплотени не само на ваквите празници туку тоа да ни биде секојдневие. На сите граѓани на општина Новаци и на сите православни верници им ја честитам Стара Нова година и Василица со желби за здравје , среќа и бериќет ”– истакна градоначалникот Кузманоски.
Генералниот секретар на СДСМ и пратеник Александар Кирацоски на денешната прес конференција соопшти дека во Собранието има обезбедено мнозинство од 80 пратеници за усвојување на уставните измени согласно договорот од Преспа.
Градскиот зелен пазар во Битола и Новиот реонски пазар со кои стопанисува ЈП „Пазари“ се комплетно исчистени од снегот за да можат и продавачите и купувачите слободно да продаваат и пазаруваа за престојните празници.
Општина Битола, хумани луѓе и претпријатија од градот и оваа година ги израдуваа со подароци и донации четириесетте ученици во посебните паралелки во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола. Со овие деца работат дванаесет дефектолози кои постојано посетуваат семинари и ги следат светските трендови за рехабилитација на децата со посебни потреби.
-Голема благодарност до градоначалничката Наташа Петровска која децата ги израдува со новогодишни пакетчиња, велат од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола.
Од таму набројуваат дека во овие предновогодишни денови, децата во посебните паралелки беа израдувани со новогодишни пакетчиња и од Здружението на пензионери од Битола, Стопанска банка –Битола, Сокотаб, Лајонс клуб-Битола, како и донации од ФОД-Битола и Синдикатот на ФОД ДООЕЛ-Битола предводен од Александар Иванов.
-Исто така им благодариме и на Кромберг и Шуберт-Битола за донацијата на 11 таблети. Голема благодарност и до наставниците и учениците од гимназијата „Таки Даскало“, кои со нашите ученици организираа заедничка новогодишна работилница, а исто така благодарност и за посетата на младите лајонси, велат директорката Валентина Петреска и тимот дефектолози од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола.
Ново, изградено од темел монтажно училиште добија учениците во селото Ношпал, Општина Могила. Во ОУ „Браќа Миладиновци“ во селото Ношпал се школуваат околу дваесеттина ученици од прво до петто одделение.
Превозниците од Битола опфатени со бесплатниот школски превоз и натаму преку нотар им праќаат на средните општински училишта во Битола решенија за наплата на фактурите за извршените услуги, а училиштата преку адвокат им одговараат на решенијата, по што извесна е судска постапка. Превозници велат дека само си ги бараат парите за реализираните услуги, но училиштата и Општината не прифаќаат цени неколкукратно повисоки за превоз на учениците од оние за обичните патници.
Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Руската Федерација оствари средба со Сергеј Баздникин, амбасадор на Руската Федерација.
Претседателот Александар Кирацовски изрази благодарност за иницијативата за заедничка средба на Групата за соработка која воспостави и одржува долготрајни односи на дипломатско, како и севкупно ниво. Кирацовски информираше за актуелната работа на Собранието, како и за стратешката определба на Македонија за интеграцијата во ЕУ и НАТО алијансата.
Фабриката за опрема и делови- ФОД ДООЕЛ - Битола која е во склоп на А.Д ЕЛЕМ ја изработи и донираше целосната ограда за новата детска градинка во битолското село Кравари. Вработените во ФОД ја изработија оградата во различни бои и апликации од детските анимирани ликови.
Вредноста на донацијата изнесува околу 60.000 денари.
-Секојдневно доаѓаат барања од граѓани, здруженија, спортски клубови, училишта, цркви, манастири, јавните претпријатија кои бараат донации од нашата фирма од материјали и изработки што влегуваат во нашата дејност. Помагаме во многу случаи кои што се за општо добро на граѓаните. Како општествено одговорна компанија наскоро во соработка со Општина Крушево подготвуваме изненадување за љубителите на скијањето во Битола, вели за апла.мк директорот на ФОД, Методија Тасевски.
Битолското село Кравари доби нова детска градинка, која има капацитет да прими 40 деца на претшколска возраст. Градинката работи во состав на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“, а за оваа намена опремени се 2 детски занимални. Во адаптацијата на просторот за новата градинка во Кравари помогнаа и битолските јавни претпријатија.
Дел од превозниците опфатени со бесплатниот школски превоз, преку нотар им испратиле на средните општински училишта во Битола решенија за наплата на фактурите за извршените услуги.
Училиштата пред извесен период прекинаа да им ги плаќаат фактурите на превозниците и ангажираа адвокат кој ќе ги застапува на суд.
-Согласно измените што се направени во Законот за сообраќај и превоз на патници , а се применуваат од 3 септември 2018 година, ( а со Одлука на Совет од 31 јули 2018) сите патници се изедначени, што значи и ученикот е патник. Ова подразбира дека е нелогично учениците да плаќаат неколкупати поскап билет за превоз од секој друг патник кога сите се возат заедно во ист автобус. Дел од превозниците во фискалните сметки од неодамна вметнуваат 47 проценти попуст со што наведената цена од 76 денари на релација Битола-село Кравари ја сведуваат на 40 денари, а на училиштата им фактурираат цена од 76 денари, што е неприфатливо. Нелогично е за иста услуга да се плаќаат различни цени на билетите, вели директорот на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“-Битола, Владимир Роме.
Директорката на СОУ „Таки Даскало“ Елизабета Наумовска смета дека неправедно е учениците кои се возат во истите автобуси во јавниот превоз години назад да бидат третирани различно од другите патници, дотолку повеќе што со таквите високи цени беше предизвикан финансиски колапс на училиштата, што како состојба ја затекнаа новите раководства при преземањето на локалната власт.
Снегот што од ноќеска паѓа во Битола формира снежна покривка од пет сантиметри. Од ЈП „Нискоградба“ за апла.мк велат дека нивната механизација веќе е на терен, се чистат улиците од прв и втор приоритет, а се посипува и со сол поради спуштањето на температурите и појавата на голомразица.
Снегот што од ноќеска паѓа во Битола формира снежна покривка од пет сантиметри. Од ЈП „Нискоградба“ за апла.мк велат дека нивната механизација веќе е на терен, се чистат улиците од прв и втор приоритет, а се посипува и со сол.
-Целата механизација е ангажирана на терен. Се посолуваат улиците од прв и втор приоритет . Во приградските населби се врши чистење на снегот на коловозите, изјави за апла.мк Методи Силјановски директор на ЈП „Нискоградба“-Битола.
Во Битола утрово температурата се спушти на -3 степени , а во 7 часот беше измерена снежна покривка од 5 сантиметри.
Времето денеска ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, особено претпладне. На места поради ниските температури ќе има појава на голомразица, а ветерот ќе предизвика и појава на снежни наноси. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 3 степени.
-Процесот на амнестија е во тек, парламентарната група која што е избрана да работи на оваа проблематика го финализира крајното решение. Сакам да ја информирам јавноста, дека многу строго правиме дистинкција меѓу две групи -граѓани кои што, условно кажано, влегле во Собранието на РМ на 27 април 2017 година, односно правиме разлика меѓу оние кои што иницирале, нарачале ио организирале насилство во Собранието и оние кои што на некој начин биле заведени да бидат дел од истото. Ве уверувам дека сите оние кои што направиле злодело на 27 април ќе одговараат, сите останати, кои на некој начин биле заведени во таа насока, ќе бидат ослободени од обврската. Сакам да истакнам дека во иднина, независно кој какво дело ќе направи ќе одговара согласно законите во РМ, рече Кирацовски денеска во Битола.
Советот на Општина Битола на денешната седница донесе одлука да ја прифати донацијата од Сообраќајниот испитен центар ``АМ`` ДООЕЛ- Битола, за изградба на полигон во Битола. Полигонот ќе биде лоциран на излезот од градот кај населбата Горно Оризари.
-Носиме одлука за примање на донација за изградба на полигон за полагање на возачки испит. Тоа е работа кој Битола ја немаше во последните осум години. Ние кога бевме опозиција се залагавме дека ќе го направиме. До крајот на годината Битола ќе има полигон, изјави денеска претседателот на Совет, Валентин Груевски.
Земјиштето каде ќе биде лоциран полигонот од државно е префрлено во сопственост на Општина Битола.
Општина Битола ангажира екипи на јавните претпријатија „Нискоградба“ и „Комуналец“ да ги отстранат сите греди и градежен материјал од објектот на Домот за млади што би можел да биде закана по безбедноста на учениците во ПОУ „Крсте Петков- Мисирков“ во Бистрица. Акцијата следуваше откако минатата недела од временските услови се сруши дел од покривот на објектот кој е прилепен до училиштето.
Димитар Пипилевски, директор на училиштето „Крсте Петков- Мисирков“ од Бистрица веднаш реагираше до Општина Битола која испрати екипа за увид на состојбата и за преземање на мерки.