АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Јас ќе бидам многу среќен да слушнам алтернатива, да слушнам дебата за алтернатива, јас слушам само дебата за индентитет, а тој е гарантиран. Денес во 21 многу е поважно да зборувате за економска моќ оти тоа ви го дава идентитетот, ако вие сте ситуирани, со добри плати, кој ќе ви го земе иденитетот, рече Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања денес на трибината во Жабени.
Битолчани во едно се согласуваат дека низ улиците во градот се вози пребрзо, не се почитуваат ни правила, ни прописи, а неретко улиците се злоупотребуваат од возачите „камикази“ без оглед дали се со автомобили или мотори и скутери. Но, за жал битолчани едно се однесуваат кога се возачи, а друго кога се во позиција на пешаци. Во билтените на сообраќајната полиција секојдневно се регистрираат прекршоци од несовени возачи, се изрекуваат казни но состојбите не се подобруваат.
Денес почна исплатата кон сточарите за предаденото млеко со што се заокружува исплатата на субвенции за произведено и предадено млеко во 2017 година, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Активностите околу проектите за топлификација и гасификација на Битола беа главните теми на кои денес се разговараше на средбата на градоначалничката Наташа Петровска со генералниот директор на АД ЕЛЕМ Драган Миновски, директорот на инвестиции и развој во АД ЕЛЕМ Иван Трпески, директорот на РЕК Битола Васко Ковачевски и помошник директорот за производство во РЕК Битола Златко Ќурчиевски. Раководството на АД ЕЛЕМ и РЕК Битола ја информираа градоначалничката Петровска за конкретните активности во однос на реализацијата на овие процеси, со што во наредниот период треба да се интензивираат проектните активности.
Со влезот во НАТО и ЕУ, законите ќе бидат исти за сите граѓани. Ако вие платите за погрешно паркирање и претседателот ќе плати ако го стори истото прекршување, изјави амбасадорката на Хрватска Даниела Баришиќ на форумот „Перспективите од НАТО интеграцијата- Што ќе донесе пристапниот процес за Македонија и нејзините граѓани“.
Амбасадорката на панел дискусијата, која беше организирана во рамки на проект поддржан од УСАИД, рече дека членството во НАТО и ЕУ на Хрватска ѝ донело многу предности.
„По влезот во НАТО, во Хрватска се удвоија странските инвестиции иако беше тоа период на економска криза. Секој инвеститор сака да инвестира во стабилна земја каде законите не се менуваат како што на некој ќе му текне кога ќе се разбуди наутро“, рече Баришиќ.
-Во последно време се почесто слушаме за професионален коуч, да ни објасните подетално што е тоа?
Најкратко кажано, коуч е човек кој ги поддржува клиентите на нивното исклучително лично животно патување. Одликата на добриот коуч е да препознае што му е потребно на клиентот да стигне до целта. Тој не советува, не дава свои решенија за животните ситуации туку ги изнесува и осветлува вашите идеи, ви помага да осознаете што сакате од себе, ве поттикнува да се соочите или да ја промените перспективата. Тој ви пружа јасност во дефинирањето на целите, можност за носење одлуки, покренување на акција. Со најмала интервенција ве поттикнува на најдобар можен резултат.
Нека 30 септември е денот кој ќе биде празник за современата македонска историја, за европска Битола и европска Македонија, повика градоначалничката Наташа Петровска вечерва од митингот "За европска Македонија" што се одржа на плоштадот „Магнолија“.
-Овде сме да ја покажеме нашата политичка зрелост, не како политичари, туку како битолчани дека умееме да учиме од историјата , она што било добро да го зачуваме , она што не чинело да не се повтори. Важно е во овие моменти да се одбере патот на иднината на државата како потврда на таа зрелост, рече градоначалничката Петровска пред битолчани.
Градоначалничката Наташа Петровска написмено им ги достави одговорите на советниците кои на минатата седница и ги поставија лично до неа за (не)функционирањето и работата на општината.
Петровска им одговорите на прашањата, како ќе се реши проблемот со исклучената струја во блокираните училишта, колкав е реалниот долг на училиштата, што со преговорите за Копанки, каменоломот над Битола, до каде се проектите за гасификација и топлификација, за чистењето на коритото на реката Драгор и слично.
На прашањето на советникот од ПОДЕМ Николче Јанкуловски, дали ќе си поднесе оставка Патровска одговара категорично не.
Министерот за здравство Венко Филипче денес ги посети жителите од Општина Новаци со кои разговараше за референдумот и придобивките што Македонија ќе ги има од влезот во НАТО и ЕУ.
„Жителите на Општина Новаци ќе излезат на референдумот и ќе гласаат за европска Македонија. Предностите од членството во НАТО кој е најголем безбедносен сојуз во светот во овој момент се огромни. Тоа значи гаранција за нашата безбедност, гаранција за нашите граници. Членството во ЕУ прво го гарантира економскиот напредок, се отвораат огромен број на фондови, а тоа значи и големи инвестиции во нови фабрики, училишта, болници, инфраструктура, сето тоа значи зголемен број на работни места, поголеми плати и стандард за нашите жители, тоа значи дека младите ќе останат во нашата земја.
Пајак службата на ЈКП „Комуналец“-Битола денеска беше на задача во ОУ „Гоце Делчев“-Битола, каде на првиот училишен ден требаше да ги отстрани паркираните возила од училишниот двор. Граѓани, вработени во околните институции секојдневно училишниот двор го користат како пракинг за своите возила, притоа ги оставаат автомобилите под прозорците од училниците или на спортските терени, загрозувајќи ја неретко и безбедноста на учениците додека се движат и трчаат низ дворот.
Билјана Стојковска, директор на ОУ „Гоце Делчев“ Битола вели дека непрописното и недозволено паркирање во училишниот двор им задава проблеми во функционирањето и безбеденоста на учениците.
Навреди и разни кавалификации упатија кон градоначалничката Наташа Петровска некои советници на денешната седница на општинскиот Совет, кои го искористија нејзиното присуство за советнички прашања. Советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Анита Ангелевска, инаку поранешен директор во гимназијата „Таки Даскало“ и една од обвинетите во случајот „Транспортер“ ја праша Петровска за ветените проекти во изборната кампања и до каде е нивната реализација, се подбиваше со објавите на Петровска на ФБ и ја нарече најнеспособен градоначалник.
Македонскиот мултидисциплинарен уметник Никола Узуновски готви на сонце во Битола. Со неговиот перформанс „Соларна кујна“ во четврток во 11 часот во паркот на Офицерски дом ќе биде отворено 13 издание на Фестивалот за современи уметности- АКТО. Но, тој деновиве може да се сретне во дворот на Основното училиште „Гоце Делчев“ како се подготвува за настапот, поточно готви различни јадења.
„Кривото огледало концентрира светлост во оваа зона со рингли и ќе готвиме на тоа. Сега експериментираме со рани рецепти, за да видиме што може да се зготви, а што не, на колку степени, колку долго треба да се готви. Се обидуваме да направиме црни палачинки кои ќе ги користиме како садови за јадење“, рече Никола Узуновски.
Ова е проект за самоодржливост и може да функционира без барање на дополнителни средства.
Оваа година во рамките на „Битфест“ 2018 по осми пат ќе се одржи манифестацијата „Незаборав“ на која ке бидат испеани песните од групата „Битолски конзули“. Претходните години „Незаборав“ беше посветен на: Сашка Петковска, Јонче Христовски, Пепи Бавтировски, Љупчо Спасеновски (Буба Мара), Добри Ставревски, Гоце Николовски и Миле Шерденков. „Незаборав“ ќе се одржи во понеделеник во 20 часот во Центарот за култура Битола. Влезот е слободен.