2win800x200

Директно

Снимено е промотивно видео за општина Могила по повод 22 годишнината од нејзиното основање. Воедно, со овој атрактивен видео материјал започнува и кампањата „Откриј ја општина Могила“ која има за цел да привлече што повеќе туристи да се запознаат со нејзините природни убавини, културни, историски и религиски обележја и со гостоплимливите жители. Како една од дестинациите се нуди село Лознани и манастирскиот комплекс посветен на Св.Кирил и Методиј и Св. Ѓорѓи.

По повод 8-ми Септември, Денот на независноста, заменик градоначалничката Емилија Костурска, претставници од Советот на Општина Битола, политичките партии, Сојузот на борци од Битола и други граѓани положија цвеќе пред Споменикот на Револуцијата во Битола.41033372 1256555454486027 8059217938638438400 n41229123 320601885380072 1880433898773544960 n41257898 1937744619643420 8144622637469925376 n41338179 264172977757559 5649701501300375552 n

Кавга меѓу дел од советници од локалната власт и опозицијата изби на денешната седница на Совет за време на дискусијата по иницијативата покрената од Општина Битола за формирање на Јавно претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници.

Советниците од опозицијата негодуваа дека иницијатива се покренува пред референдумот, па ја оценија како популизам, а советниците од владеачкото мнозинство обвинија дека претходната власт склучувала  договори кои се злоупотребувале, а тие ќе формираат јавно претпријатие кое ќе биде во сопственост на Општината, па парите од паркинзите ќе се трошат за доброто на градот.

Со видео спот во кој е претставена убавината на детските цртежи создадени во рамки на „Малиот битолски Монмартр“ пропатена со познатиот хит „Битола мој роден крај’’ во изведба на неповторлиовиот Оливер Драгоевиќ, Детското ликовно стидио „Свети Кирил и Методиј“ од Битола ги кани битолчани на изложбата по повод Денот на независноста.

 
Градоначалничката Наташа Петровска на велосипед се приклучи кон настанот ,,Битола на точак" што попладнево се одржува во Битола. Неколку десетици битолчани на точаци возеа низ предлог рутата за  велосипедски патеки која оваа група граѓани ја обележа низ градот. 

На денешната седница на Комисијата за јавни комунални дејности при Советот на општина Битола, усвоена е иницијативата на советничката група на СДСМ за започнување постапка за формирање на јавно претпријатие кое ќе упаравува со градските паркинзи.

Вечерва продолжи обележувањето на хоризонталната сигнализација во Битола и по полноќ. Фирмата изведувач со комбе и неколкумина вработени доцна вечерва бележеа пешачки премини во строгиот центар на градот во близина на мовчето кај Безистенот. Ваквата активност се презема со цел да се избегне сообраќајниот метеж преку ден и обележувањето на сигнализацијата да не го попречува сообраќајот.

Пелагониското село Бач по 13 години ќе добие амбуланта со доктор и медицинска сестра, најави градоначалникот на Новаци, Љубе Кузманоски, при денешната посета на министерот за здравство Венко Филипче.

„За две недели ќе биде отворена амбулантата, инфраструктурата веќе е спремна. Последно доктор во општината Бач имаше во 2005 година кога таа како Општина згасна и беше приклучена кон Општина Новаци и оттогаш тие шест населени места со околу 600 жители немаа доктор. Сега ќе има амбуланта, доктор и медицинска сестра. Дали тоа ќе биде ден, два или три неделно, зависи од потребите на месното население“, рече градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски.

Мој концепт е градските паркинзи да ги стопанисува и уредува Општина Битола, рече градоначалничката Наташа Петровска околу иницијативата Општината да формира јавно претпријатие кое ќе управува со градските паркинзи.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани